Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Македонија

Златко Стојковски – нов в.д директор на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ во Велес

Златко Стојковски, 38-годишен професор по физичка култура и ракометен тренер, е новиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Златко Стојковски, 38-годишен професор по физичка култура и ракометен тренер, е новиот в.д. директор на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ во Велес, во чии рамки влегуваат спортската сала „Гемиџии“, фудбалскиот стадион „Зоран Паунов“ тениските игралишта и објектот на Клубот за гимнастички спортови  „Партизан“.

Стојковски е именуван за нов директор од градоначалникот Марко Колев под чија локална власт е овој најголем спортски комплекс во Велес.

Тој на оваа функција доаѓа од местото професор по физичко во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ во Велес, а работи и во ракометната школа „Ракомет за секое дете“ во Велес.

Реклама

Стојковски изјави дека ќе се заложи за реконструкција на спортската сала „Гемиџии“, првин за реконструкција на тоалетите и соблекувалните за спортистите, кои се во многу лоша состојба, а потоа и на подлогата на терените за спорт во салата. Ќе се залага за реконструкција  на електричната и водоводната инсталација и други реконструкции во и надвор од салата сè со цел, како што рече, подобрување на условите за спортување на спортистите и рекреативците.

Стојковски најави дека ќе работи на реконструкција на атлетската тартан-патека во рамките на фудбалскиот стадион „Зоран Паунов“, кој, конечно, очекува да се реконструира уште оваа пролет, како и на решавање на другите проблеми на фудбалскиот стадион и другите објекти со кои стопанисува ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ во Велес.