Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Зијадин Села ќе формира нова политичка партија – „Албански сојуз“

Доскорешниот лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, најави основање на нова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доскорешниот лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, најави основање на нова политичка партија под името „Албански сојуз“.

Во интервју за весникот на албански јазик „Лајм“, Села истакнува дека членовите на оваа нова политичка иницијатива се водат од јасни идеали и дека нивната цел е повторно да изградат силен политички субјект.

„Ние не мислиме дека решението е оставка и предавање. Не оставам на случајноста, јас сум ја создал таа нова политичка партија. Веќе е формирана и се вика Албански сојуз, има црвено-црни бои и нема да се откажеме од оваа работа. Идејата на Алијанса за Албанците и нејзината кауза имаат свое продолжение“, вели Села.

Реклама

Оваа најава доаѓа по одлуката на Основниот суд во Тетово од 18 март, со која партиските печати ѝ беа доделени на фракцијата на Алијансата за Албанците предводена од Арбен Таравари.

Од таборот на Села тогаш најавија дека ќе ја оспорат одлуката и ќе поднесат жалба до Апелацискиот суд.