Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Живеачката стана луксуз – зошто власта се фали кога граѓаните едвај преживуваат?

Фалби на сите страни за подобрен животен стандард и просечна плата од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фалби на сите страни за подобрен животен стандард и просечна плата од 40 илјади денари. Филмот за добра живеачка изгледа се прикажува само на Бихаќка.

Додека граѓаните кубурат од ден на ден како да преживеат, власта се фали дека ни го подобрила животот и дека за шест години ги зголемила платите во просек за 21,3 проценти, но без да споменат како граѓаните се бореа на улица за загарантиран раст на минималец и без да споменат колку „скокнаа цените“ само во изминатата година.

Во изминативе 6 години СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати. За само неколку години минималната плата порасна повеќе од двојно во однос на 2016 година, велат од СДСМ.

Реклама

Ако се погледнат податоците во потрошувачката кошничка кои ги обработува ССМ потребни се речиси 1000 евра за едно семејство да преживее, односно ако двајца се на минималец ќе недостасуваат 17 илјади да ги купат неопходните продукти. Додека траат фалбите на СДСМ за нивните успешни политики бројките говорат друго. Минималните трошоци од 2022 до сега пораснале за 13.359 денари, а континуиран раст има од 2020-та година . Ако тогаш биле потребни 33.696 денари, во декември 2021 требало 35.042, а во 2022 43.163 денари

Месец март ќе донесе промени во економски поглед. Треба да порасне и  минималецот на 22.500 денари, но и веројатно ќе не пречека нов ценовен шок. Од први март престанува мерката за замрзнатни цени, а за два дена истекува и  онаа со која на 10 отсто се намали царинската давачка за зеленчукот.

Но, одмрзнатите цени нема да го оштетат буџетот на функционерите. Ако не се донесат законски измени и тие во март ќе добијат уште едно покачување на платата од 300-500 евра. Поранешниот премиер дури и вети дека ќе поднесат предлог во собранието, што значи би се откажале од ова покачување на функционерските плати, но не и од покачените плати за 78 отсто, за што цела измината година се правдаа дека се потребни измени на повеќе закони.