Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

„Жени во македонскиот фолклор од XIX век“ – нова книга на Славчо Ковилоски

Институтот за македонска литература ја објави книгата „Жени во македонскиот фолклор од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институтот за македонска литература ја објави книгата „Жени во македонскиот фолклор од XIX век“ од д-р Славчо Ковилоски, продолжение на претходните книги „Жени во македонската книжевност од XIX век“ и „Македонското женско творештво од XIX век“, со кои авторот ги афирмира непознатите женски имиња во македонската култура, книжевност, образование, револуционерни борби и фолклор.

Тргнувајќи од основната идеја дека без женската меморија и интерпретаторска дарба, значаен дел од македонското фолклорно богатство воопшто немало ни да биде зачувано, се потенцира значењето на македонската жена како носител на традицијата, чувар на јазикот, но и столб на македонскиот културен континуитет и идентитет.

Рецензентката на изданието, Ана Мартиноска, забележува дека „оваа репрезентативна публикација на едно место сумира повеќе истражувања што ја потврдуваат темелната улога на жената како чуварка и авторка на македонскиот фолклор“.

Реклама

-Со тоа, јасно е дека оваа книга претставува основа за натамошни, а неопходни толкувања на женските теми во рамки на фолклористиката, етнологијата, феминистичката критика, родовата теорија и други дисциплини, посочува Мартиноска.

Монографија претставува прв посериозен обид за афирмирање на македонските авторки од XIX век, и во посебно поглавје се занимава токму со народните пејачки. Ковилоски детаљно се задржува на десет од нив: Дафина од Просеник, Парашкева Сирлешчова, Депа Каваева, Ѓурѓа Котева, Божана Трпанова, Арса Стрезова, Цвета Мазнеова, Дафа Цепенкова, Илинка Везенковска и Митра Ристова.

Истовремено дадена е и табела со список од вкупно 160 имиња на интерпретаторки на народни умотворби, со податоци за местата од каде што потекнуваат, кој ги запишувал или собирал нивните песни, каде и кога се објавени. Тие жени не се само пејачки и интерпретаторки на народни песни, туку и самите активно учествувале во создавање  нови песни, кои под превезот на анонимноста денес се сметаат за народни песни.

-Токму затоа, преку компаративни анализи се откриваат нивните придонеси во доработка и создавање нови творби кои треба да најдат свое место во македонската книжевност и историја. Со ова истражување во извесна мера се надополнуваат празнините во постојните научни сознанија и се нуди нов поглед кон женското народно пеење и авторството на пејачките, наведува авторот Ковилоски.