Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Жал му било за луѓето: Димитар направи хаос, Ковачевски сега жали

Димитар направи хаос, Ковачевски сега жали. Жал му било за луѓето кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Димитар направи хаос, Ковачевски сега жали. Жал му било за луѓето кои на еден начин се во државен притвор и не можат да ја напуштат Македонија, бидејќи имаат пасош без Северна. Но не бил тој виновен, биле сите други, барем според него. Се правда дека истото се случувало и пред речиси 15 години, а изгледа во обид да се утеши и гледал видео снимки од тогаш, иако тогаш ситуацијата не беше ниту малку слична на оваа, а старите лични документи важеа и пред да бидат променети.

-Кога зборувате за 2020-та, 2021-ва, 2019-та, тогаш треба да се види кој каква функција имал во државата. Она што можам да кажам е дека прво јас изравуам жалење за она што нашите граѓани мора да го поминуваат во делот на обезбедување и на патни исправи,  меѓутоа и на други документи. Пред се тука мислам и на личните карти и на возачките дозволи. Ова ме потсетува на 2010-та година, баш вчера ги гледав снимките од тој период, изјави Ковачевски.

Покрај за пасошите, личните карти, возачките, хаос настана и за сообраќајните дозволи, обврска која Македонија ја немаше со потпишаното во Преспа. Ковачевски и тука најде оправдување, се морало да биде со Северна доколку сакаме надвор од државата.

Реклама

-Гледајте… тој беше променет за да може да се користат во државата сообраќајните дозволи, јас неколку пати одговорив меѓународна патна исправа не е потребна за државата внатре или за инстутциите. Меѓународна патна исправа е потребна заради одење во странство. Јас кажав и сега ќе кажам дека граѓаните секогаш заслужуваат повеќе, секогаш заслужуваат подобро, изјави Ковачевски.

Покрај Ковачевски, одговорност кај себе не гледа ниту поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, тој дури најде вина и кај опозицијата и други елементи, го лажеле народот дека ќе го вратат името и поради тоа не ги менувале личните документи. 

Матеја Петровски