Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Економија

Зголемувањето на пензиите за 1.000 денари од 1 март помина на Комисијата за социјална политика, демографија и млади

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади го проследи Предлог-законот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување на натамошна постапка во Собранието. Со измените, по скратена постапка, се предлага зголемување на сите пензии за 1.000 денари од 1 март годинава. 

Пратеничката Ангелинка Петкова од ВМРО – ДПМНЕ посочи дека тоа е четврто изменување на законот, а пензионерите да добија зголемување од 7.000 денари во неполни две години. 

– Со овие законски измени се предвидува четвртото покачување на сите пензии од 1.000 денари за сите пензионери кои го оствариле правото на пензија до 28 февруари 2026 година, од 1 март да добијат дополнтелни 1.000 денари. Со овие законски измени Владата на Македонија ја оствари својата стратешка цел да го подобри стандардот на сите пензионери и овој бенефит од 7.000 денари вкупно покачување на пензиите досега ќе го почуствуваа над 320.000 пензионери, рече Петкова.

Реклама

Новото законско решение, според пратеничката Имрлије Салиу-Фетаи од движењето БЕСА, има за цел подобрување на стандардот за пензионерите. 

– Со овие законски измени како што ветивме и ги реализиравме тие ветувања. Сега сме во последната фаза на реализирање на зголемување на пензиите за 7.000 денари. Претходните фази резултираа со зголемување двапати од по 2.500 денари, сега имаме второ линеарно зголемување за 1.000 денари за сите категории на пензионери. Факт кој има големо значење кај пензионерите и ќе има придобивки за намалување на сиромаштијата, рече Салиу – Фетаи.