Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Зголемен е бројот на болните и немоќни лица од Штип кои се пријавиле да гласаат од дома

Избирачките одбори кои во избирачкиот список имат болни и изнемоштени, од рано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Избирачките одбори кои во избирачкиот список имат болни и изнемоштени, од рано утринава излегоа на терен. Екипата на ТВ Алфа заедно со членовите од избирачкото место 2282, ги посети домовите на 76годишната Слободанка Гошова и 81годишната Митра Арсова. Тие живеат во приградската населба Железничка. Поради својата здравствена состојба денеска гласаа во домашни услови.

„Треба да се излезе на гласање, се знае гласање што е, треба да се излезе„- изјави Митра Арсова.

„Обавезно,треба да се гласа, посебно младите„ изјави Слободанка Гошева

Реклама

На вториот круг од претседателските, но и на изборите за нов парламентарен состав, бројот на гласачи кои ќе гласаат во домашни услови е за 500 поголем  од првиот круг. Најмногу пријавени има во Берово, дури 258 лица. Пред да започне процесот, гласачот треба да  се изјасни дали сака да учествува и во двата вида на избори, објаснуваат од избирачките одбори.

„Согласно правилата од ДИК, имат право еднаш да пристапат и треба да се изјаснат дали ќе гласаат за двата вида на избори или само за едниот. Во зависност од нивната одлука така ќе се спроведе гласањето, односно ќе добијат едно или две гласачи ливчиња„изјави Марјан Арсов, претседател на ИМ 2282-Штип.

Точно навреме во 7 часот е отворено и гласачкото место во КПД Затвор Штип. До 11.00 часот своето право го искористиле над 34% од гласачите.

 „Избирачкото место е отворено точно навреме. Имам 206гласачи по двата избирачки списоци и за претседателски и за парламентарни. Досега над 71гласач го имат искоритено своето право„ изјави Адријана Хаџи-Николова, заменик претседател на ИМ во КПД-Затвор, Штип.

Денеска своето право на глас во Источниот регион ќе може да го искористат 1603 гласачи, а дополнително ќе гласаат и 28 лица кои се сместени во Дом за стари лица во Берово. 

Александра Ристевска