Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Зголемен бројот на крводарувања во Куманово

Општинската организација на Црвениот крст Куманово во текот на минатата година реализирала…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општинската организација на Црвениот крст Куманово во текот на минатата година реализирала 37 организирани крводарителски акции, во кои биле евидентирани вкупно 2.966 крводарувања, информираа денеска од организацијата. Ова претставува пораст во однос на 2024 година, кога биле регистрирани 2.771 крводарување во рамки на 29 акции.

Според податоците од Црвениот крст, зголемувањето се должи на поголемата вклученост на граѓанските организации и приватните компании кои започнале да организираат крводарителски акции. На одделението за трансфузиона медицина при Општата болница во Куманово, крв најчесто даруваат редовни крводарители.

– Граѓаните сè повеќе ја препознаваат хуманата димензија на крводарувањето. Тоа е резултат на континуираните апели на нашата организација, одличната соработка со Институтот за трансфузиона медицина и поддршката од медиумите, изјави секретарот на Општинската организација на Црвениот крст Куманово, Ива Младеновска.

Реклама

Во текот на јануари биле реализирани две редовни крводарителски акции – една во приватна лабораторија и една со членовите на рибарското друштво „Мак Дам“. Во февруари е одржана акција со членовите на здружението „Сила“, а во наредниот период се очекува крводарување од припадниците на Армијата и членовите на „Коледарскиот клуб“.

Од Црвениот крст Куманово најавуваат дека и годинава се планира приближно ист број крводарителски акции како и претходната година.