Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Земјоделски задруги за спас на земјоделството – предлагаат дел од земјоделците

Само формирање на земјоделски задруги, може да ги спаси земјоделците од целосен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само формирање на земјоделски задруги, може да ги спаси земјоделците од целосен колапс, порача денеска од Свети Николе, претседателот на Мрежата на земјоделски задруги. Здружувајќи се заедно ,  фармерите полесно ќе ги пребродат инфлаторните шокови, пазарните нарушувања од геостратешка природа, но и климатските промени кои им се закануваат. .

  „Земјоделието, посебно во Македонија е доведено во колапс. Во овој момент земјоделието решава прашање од егзистенционален карактер. Едноставно фармерите, не можат да ги покријат основните трошоци  или да овозможат проста репродукција„ изјави Ѓорги Арнаудов, претседател на Мрежата на земјоделци.

Нашата држава воопшто не ги следи европските трендови. Ако таму еден земјоделец е член на најмалку три задруги, кај нас  од седумдесетина регистрирани, едвај функционираат педесетина задруги. Позитивен пример се задругите од штипското село Црешка и од Преспанскиот регион. Вмрежени заедно, успеваат полесно да ги пласират своите производи.

Реклама

  „Ако се здружат земјоделците во задруга имат поголема шанса за напредок. Јаболкото само да се произведува и продава е по ниска цена,но ако се здружат и  изработуват краен производ, тогаш може да биде за сите многу подобро и да има поголем приход„ изјави Рахела Трнталовска  од земјоделска задруга од Преспанскиот регион.

  „Во екот на сезоната или во медоберот, тогаш еден пчелар не може да работи  сам. Тогаш сес здружуваме во задругата за да можеме меѓусебе да си помагаме. Има одредени луѓе на кои повеќе им оди траговија. Па така сите заедно успеваме да го продадеме целиот мед и да не ни остане мед за наредната година„ изјави Митко Николов од земјоделска задруга во село Црешка, Штип

На денот за подигање на свеста на земјоделците во здружување во задруги, од Мрежата до новиот министер упатија апел за нови законски решенија, како и поголема финансиска поддршка, бидејќи досегашната не била редовна и опфаќала мал број на задруги.

Александра Ристевска