Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Прилози

Земјоделците од истокот на Македонија повторно се подготвуваат за протест

Лошата сотојба во аграрот е причина за земјоделците повторно го кренат својот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лошата сотојба во аграрот е причина за земјоделците повторно го кренат својот глас. До крајот на месецот треба да  одлучат дали ќе блокираат патишта или масовно ќе излезат на протест во Скопје. Велат, исплатата на субвенциите и зелената нафта доцни, а тоа значи дека нема да добијат пари кога најмногу им се потребни.

  • Веќе влегуваме во производство, односно ги обработуваме површините и затоа сега ни е најпотребно исплата на субвенции и зелената нафта. Тракторите веќе почнаа да орат по површините и земјоделците почнаа да ги обработуват„ изјави Тони Максимов од Националната мрежа на земјоделци. 
  • „Календарски до 31декември треба да биде завршена исплатата. Ние за жал за 2023 година ни имат исплатено само авансно 30%, ништо повеќе. Второ, ако не си го предадел оризот, пченицата или јачменот не можеш да земеш субвенции. Проблемот е во тоа што нема кој да ги откупе. Тоа значи дека земјоделците не можат да земат субвенции, да не ги лажат само„ реагира Здравко Арсов од Националната мрежа на земјоделци.

Во моментот килограм оризова арпа се откупува од 37 до 38денари, што значи за земјоделците остануват скромни од 3 до 4денари. Информацијата дека откупната цена и понатаму ќе паѓа, ги двоуми дали и воопшто да почнат со пролетната сеидба.

  • „Имам информации дека повторно паѓа цената и ќе биде под производната, бидејќи е дозволен неконтролиран увоз на ориз. Не знаеме за квалитет, не знаеме од каде е увезен , меѓутоа пазарот си го прави своето и ја намалува цената на квалитетниот кочански ориз. За жал и тој што е увезен се води под брендот кочански ориз„ изјави Максимов.

Од Националната мрежа останауваат на својот став. Бараат загарантиран откуп и откупна цена за сите земјоделски производи, а оризот да стане стратешка култура.

Реклама

Александра Ристевска