Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Македонија

Здружението на гинеколози со поддршка за законот: не постои безбедна изложеност на чад од цигари

Пушењето не е само навика, туку ризик за иднината на целото општество…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пушењето не е само навика, туку ризик за иднината на целото општество – гинеколозите.  Здружението на матични гинеколози упатија порака: изложеноста на никотин директно ја нарушува плодноста, репродуктивното здравје и развојот на децата, и затоа е, како што велат, „апсолутно неопходно“ да се усвои новиот предлог-закон за заштита од пушење.

Тие нагласуваат дека активното и пасивното пушење кај жените може да доведе до нарушена овулација, намалена резерва на јајце-клетки, хормонски дисбаланс и зголемен ризик од неплодност, додека кај мажите – до намален број и подвижност на сперматозоиди, нарушена морфологија и зголемено оштетување на ДНК, што директно ја намалува шансата за зачнување.

„Како здравствени работници кои секојдневно работат со жени во репродуктивен период, бремени жени, родилки и парови кои се соочуваат со проблеми со плодноста, сметаме дека ваквата законска регулатива е неопходна, оправдана и согласно со современите медицински докази. Здравјето на жените, мажите, децата и идните генерации мора да има апсолутен приоритет. Ги охрабруваме надлежните институции да го усвојат и доследно да го спроведуваат предлог-законот без исклучоци, а јавноста да ја препознае оваа мерка како инвестиција во здравјето, плодноста и иднината на нашето општество.“

Реклама

Од Здружението посочуваат дека никотинот и токсините од чадот лесно ја преминуваат плацентата и можат да доведат до предвремено породување, ниска родилна тежина и интраутерина ретардација на растот.

„Не постои безбедно ниво на изложеност на тутунски чад. Одредени никотински производи, како електронските цигари и уредите за загревање тутун, често се претставуваат како побезбедна алтернатива, но научните истражувања покажуваат дека и тие ослободуваат никотин, ултрафини честички и хемиски соединенија со потенцијално штетно дејство врз респираторниот, кардиоваскуларниот и репродуктивниот систем. Изложеноста на новороденчиња и мали деца на чад и аеросоли е поврзана со почеста појава на астма, респираторни инфекции, воспаленија на средното уво и зголемен ризик од синдром на ненадејна смрт кај доенчиња.“

Од таму ја охрабруваат Владата и институциите да го усвојат и строго да го спроведат законот, оценувајќи дека мерката е „инвестиција во здравјето, плодноста и иднината на општеството“.

Паралелно со силната поддршка од медицинската фела, дел од малите трговци изразуваат загриженост дека новите рестрикции може да создадат дополнителни трошоци и притисок врз нивното работење, барајќи поправедно решение и преоден период. Според нивните претставници, над 4.000 мали бизниси би можеле да почувствуваат економски последици.

Со законот се предвидува целосна забрана за пушење во затворени јавни и работни простории, во установи од образование, здравство и спорт, во јавен превоз и во приватни возила кога има дете. Ќе се забранат ароматизирани никотински производи, промоција, рекламирање и брендирање. Пушењето ќе биде дозволено само на строго дефинирани отворени простори, а контролата ќе ја вршат повеќе државни инспекторати. Глобите ќе се движат од 150 до 300 евра за физички лица и од 2.000 до 5.000 евра за правни лица.

Според најавите од Министерството за здравство, доколку Собранието го усвои, новиот закон треба да стапи во сила од 1 март 2026 година.