Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Здружението на јавните обвинители за реакциите по куќниот притвор за Груби: Партиите и функционерите да се воздржат од јавна реторика со која се нарушува самостојноста на обвинителите

Здружението на јавните обвинители (ЗЈО) апелира до сите политички партии и функционери…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението на јавните обвинители (ЗЈО) апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото на поделба на власта и да се воздржат од јавна реторика со која ја нарушуваат самостојноста на јавните обвинители во одлучувањето.

Јавните обвинители во реакцијата посочуваат дека ваквите политички коментари кулиминирале „во однос на определена мерка куќен притвор за еден од осомничените во предметот ‘Државна лотарија’“.

– Во изминатите денови сведоци сме на неодговорни изјави со кои одредени политичари селектираат и прозиваат поединечни јавни обвинители коментирајќи ги јавнообвинителските одлуки, без воопшто да бидат запознаени со конкретен предмет и со доказите. Ова кулминира во политичките коментари во однос на определена мерка куќен притвор за еден од осомничените во предметот „Државна лотарија”. Ваквата јавна реторика мора да престане, а другите институции да дозволат обвинителите непречено да постапуваат и да одлучуваат – стои во реакцијата на Здружението на јавните обвинители. 

Реклама

Здружението на јавните обвинители, како што се посочува во реакцијата, е професионална организација, која нема овластувања да интервенира или да ги коментира одлуките на јавните обвинители при работата на конкретни предмети. 

– Но, Здружението има право и обврска да ја заштити самостојноста на обвинителите, кои стручно и одговорно ја вршат својата функција и да се бори за соодветни услови во кои тие ќе работат непречено – стои во реакцијата на Здружението на јавните обвинители на Македонија. 

На почетокот на неделата поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој се сомничи за криминал од осум милиони евра преку нарачка на ВЛТ-апарати во „Државната лотарија“, по 14 месеци бегство беше уапсен на граничниот премин Блаце по што доби мерка 30-дневен куќен притвор со 24-часовен надзор по одлука на судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје.