Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Здружението на јавните обвинители бара повлекување и преиспитување на предложените измени на Законот за платите на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители упатува јавна реакција и бара повлекување на предлог-законот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението на јавните обвинители упатува јавна реакција и бара повлекување на предлог-законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители предложен од група пратеници, а потребата од измена на Законот во предложената насока да биде детално преиспитана. 

Со предлог-измените на Законот за платите на јавните обвинители се предлага изменување на пресметка на плата на начин што, како што се посочува во образложението на предлагачите, ќе обезбеди правична и одржлива законска регулатива при исплата на платите и ќе се спречи натамошниот непропорционален раст на платите на јавните обвинители.

– Сметаме дека тоа е противуставно и незаконито решение со кое се загрозува независноста на јавните обвинители преку економски притисок – се вели во рекацијата на Здружението на јавните обвинители на Македонија.

Реклама

Јавните обвинители во реакцијата велат дека „се свесни за сложената економска ситуација во која се наоѓа државата и за потребата од ефикасни мерки за штедење“, меѓутоа, како што посочуваат „во согласност со член 2 од Законот за платите на јавните обвинители, платата на јавниот обвинител не може да биде намaлена со закон или одлука на државен орган, освен при утврдена дисциплинска одговорност“.

– Јавните обвинители извршуваат сложена и одговорна работа и го носат товарот на кривичниот прогон, и тоа без соодветни материјални услови и доволна стручна поддршка. Законски предвидените додатоци за сложеност на трудот со години не им се исплаќаат поради недостиг на средства во буџетот. Исто така, функцијата јавен обвинител е неспојлива со извршувањето каква било друга функција или дејност. Поради тоа, платата е единствен приход за јавните обвинители и таа се движи во распон од минимални помалку од 90.000 до максимални 130.000 денари. Со вакви износи платите на македонските јавни обвинители се апсолутно најниски во регионот, а со другите европски земји не може ниту да се компарираат – се вели во реакцијата на Здружението на јавните обвинители.

Во реакцијата исто така се наведува дека Уставниот суд, на иницијатива на Здружението на јавните обвинители, веќе има донесено решение У бр.71/25 од 24.12.2025 година, со кое поведе  постапка за оценка на уставноста на последните измени на Законот за платите на јавните обвинители, со кои веќе се интервенира со намалување на коефициентите и ограничување на порастот на платите. 

– Иако конечната одлука на Уставниот суд за ова прашање не е сè уште донесена, имаме обврска да укажеме на штетните правни последици доколку со ново законско решение дополнително се продлабочат оспорените недоследности. Оценката на уставноста на претходните законски измени се проверка на уставната усогласеност и на измените што сега се предлагаат бидејќи повторно при иста методологија на пресметка на плати се намалуваат коефициентите, со што всушност се влијае за намалување на платите. Сметаме дека тоа е противуставно и незаконито решение со кое се загрозува независноста на јавните обвинители преку економски притисок, од кои причини, како што наведовме погоре, бараме оваа точка да биде повлечена од дневниот ред, а потребата од измена на Законот во предложената насока да биде детаљно преиспитана – стои во реакцијата на Здружението на јавните обвинители на Македонија. 

Со предлог-измените на Законот за платите на јавните обвинители се предлага изменување на коефициентите за пресметка на плата на начин што, како што се посочува, ќе обезбеди правична и одржлива законска регулатива при исплата на платите и ќе се спречи натамошниот непропорционален раст на платите на јавните обвинители.

– Со предлог-законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители се изменуваат коефициентите за пресметка на плата на начин што ќе обезбеди правична и одржлива законска регулатива при исплата на платите и ќе се спречи натамошниот непропорционален раст на нивните плати. Ќе се постигне поголема транспарентност, правична распределба на буџетските средства, при што платите на јавните обвинители ќе се усогласат со реалните економски услови во државата – се вели во образложението на предлогот.