Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Здравството се поместува од мртва точка – најави за повеќе пари за матичните, но и мерки да опстанат амбулантите во селата

Најавата за зголемување на капитацијата по пациент, поблаги казни и финансиска мотивација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најавата за зголемување на капитацијата по пациент, поблаги казни и финансиска мотивација за лекарите е огромен чекор напред во примарното здравство оценуваат матичните доктори. Тие ги поздравија најавените мерки од ФЗОМ за реформи во матичните амбуланти. Според д-р Бојан Трајковски ова е позитивен сигнал, дека здравствениот систем мрднува од мртва точка.

Сепак, делот кој предвидува руралните амбуланти да може да работат само со матичен доктор, и според лекарите и според медицинските сестри е тешко остварлив. Предлагаат наместо ова, да се размисли за субвенционирање на нивните плати.

Сегашниот предлог на ФЗОМ е матичните лекари во населени места до 2,000 жители да можат да работат и без медицинска сестра како преодно решение во наредните две години. Покрај капитацијата за секој пациент, лекарите во малите места ќе добиваат и бонус од 22.500 денари месечно.
Договорено е формирање на работни групи за зголемување на капитацијата по пациент која сега изнесува 75 денари. Докторите бараат да добиваат по 100 денари, а од ФЗО велат дека ќе ги разгледаат сите можности за повеќе пари, но и за ублажување на казните.