Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Здравствените работници очекуваат новата Влада да им ги реши проблемите кои им ги остави власта во заминување

Здравствените работници со големи очекувања од новиот владин состав. Откако власта во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здравствените работници со големи очекувања од новиот владин состав. Откако власта во заминување им остави еден куп нерешени проблеми, фокусот го насочуваат кон идниот состав во кој гледаат надеж дека работите можат да се променат. Незадоволството и револтот е огромен а синдикатите кои ги претставуваат, велат дека само минатиот месец и тоа само од една скопска болница, ГОБ 8 ми септември, си заминале 15тина медицински сестри и технички персонал. Па кога би се земале во предвид и другите здравствени установи, како и изминатите месеци, веројатно станува збор за фрапантна бројка. Здруженијата и синдикатите алармираат дека на македонското јавно здравство му се случува егзодус, па приоритет на новата влада треба да бидат вработените во овој сектор, особено оние кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување.

  • „Го чекаме назначувањето на новиот министер, да се договориме за ситуацијата за приватните доктори и за вработените во јавното здравство. Очекуваме позитивна клима од нивна страна дека ќе се реши овој проблем, бидејќи тие луѓе, 5 до 6 години работат за 21.000 денари. Тоа е срамно и жално. А држат цели одделенија во јавното здравство. Примарна медицина, вакцинација, лабаратории, физикални, и тн…“ – Изјави Боби Бојчевски од независниот синдикат на здравствени работници.

Лекарската фела веќе одамна бара политики и систем кој ќе биде заснован на реалните потреби на пациентите и медицинскиот персонал. Тие од новиот состав на владата очекуваат темелни реформи, а не брзи ад-хок решенија како што се случуваше досега.

  • „Во примарното здравство натрупани се проблемите, постои казнена политика, која што ја нема во ниту еден друг ресор или друг сегмент во здравството. Очекуваме од новиот министер за здравство сериозно да зафатиме за проблемите. Да ги смениме законите, да бидат во интерес на граѓаните“ – Изјави Лилија Џолакова Дервишива, од здружението на матични лекари.

На заедничката пресконференција, здруженијата и синдикатите на здравствените работнци го промовираа меморандумот за соработка, како и новите претседатели на првите луѓе на синдикатот, откако претходните си заминале во приватните клиники. Додека пак за најголем дел од здравствените кадри, синдикатите велат дека најчесто си заминуваат во Словенија, но и други европски држави.

Реклама

Никола Цветкоски