Реклама

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Македонија

Засилени контроли во сообраќајот и индустријата, ослободување од работа на ранливите групи – Владини мерки за намалување на аерозагадувањето

Владата го усвои акцискиот план со краткорочни мерки против аерозагадувањето. Зајакнати контроли…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата го усвои акцискиот план со краткорочни мерки против аерозагадувањето. Зајакнати контроли на возилата за техничката исправност од МВР, посебен сообраќен режим за тешките товарни возила односно нивно пренасочување кон обиколни патишта со цел да се намали сообраќајот во урбаните средини соопшти Министерството за животна средина.

Во мерките донесена е забрана за дотур на стока и транспорт на градежни машини како што се багери, булдожери и виљушкари во периодот од 7:30 до 18:00 часот. Оваа мерка е со цел да се намали сообраќајниот метеж и емисиите во најфреквентните часови. Сите органи на државна управа треба да ја намалат употребата на службените возила до 50%.

Министерството за економија и труд, е задолжено да обезбеди ослободување од работните обврски на сите ранливи групи, бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со малигни заболувања, хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без оглед на возраста, со препорака од матичен лекар.

Реклама

Се задолжуваат и сите работодавци да го реорганизираат работното време за лицата кои работат на отворено – работното време да е од 11:00 до 17:00 часот и да им се обезбедат маски. Дополнително, инсталациите кои поседуваат А- интегрирана еколошка дозвола се задолжени да го намалат капацитетот на производство и за тоа ќе има вонредни контроли – за да се утврди дали се применуваат пропишаните услови и мерки во дозволите.

Истото ќе биде случај и со со б интегрирана еколошка дозвола и елаборати и на градилишта.
Мерки ќе се применуваат, велат од Министерството за животна средина се додека не се надмине загадувањето и истовремено апелира да се почитуваат.