Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Засилена реализација на унгарскиот кредит

Со засилено темпо продолжува реализацијата на проектите финансирани со средства од унгарскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со засилено темпо продолжува реализацијата на проектите финансирани со средства од унгарскиот кредит. Според последниот пресек на Министерството за локална самоуправа, досега се склучени договори за 550 проекти од вкупно 828 проекти, колку што општините добија во вториот владин повик. На располагање се над 225 милиони евра. Добар дел од средствата се наменети за подобрување на патната инфраструктура низ општините.

„Од првиот јавен повик, повеќе од 48% се реализирани од оние 288 кои беа контрактирани со договори, а во вториот јавен повик повеќе од 550 проекти се со веќе склучен договор, што значи дека веќе се изведуваат на терен. Ова значи дека динамиката е многу соодветна и градоначалниците навистина го дадоа својот максимум во делот на нивните обврски што произлегуваат и од првиот, но и од вториот јавен повик. Ние сме задоволни како во иднина ќе се имплементираат овие средства“, изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

Перински, заедно со градоначалникот на Штип, изврши увид во изградбата на еден од трите паркови што се градат со европски пари. Со проектот „Трансформирање на урбани локации во зелена инфраструктура“, во рамки на ИПА-програмата за прекугранична соработка, преку Источнопланскиот регион се обезбедени 280.000 евра.

Реклама

„Не е само овој парк. Во моментот се работи на уште три позиции, се создава нова зелена површина. Се поставува урбана опрема, со што на граѓаните на Штип им се овозможуваат удобни катчиња за релаксација и рекреација“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Перински посочи дека во изминатите седумнаесет месеци, во општините низ државата, покрај средствата од унгарскиот кредит во висина од околу 20 милијарди денари, преку различни програми дополнително се дисперзирани над 160 милиони денари, со кои се реализираат уште стотина проекти.