Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Засилен надзор или засилен притисок? Што почна да работи Коцевски во Обвинителството?

Наместо да работи, влезе во војна со колегите кои расчистуваат со криминал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо да работи, влезе во војна со колегите кои расчистуваат со криминал и корупција. Државниот обвинител Љупчо Коцевски кој вчера се пофали дека ќе го чешла работењето на обвинителството, што патем му е и негова работа, удри по вишиот обвинител кој е решен да истрае во битката за правда во случајот со милионските бонуси во Специјалното јавно обвинителство. 

Станува збор за вишиот обвинител Јове Цветановски кој заработи дисциплинска во истиот ден кога одлучи Организиран кримнал да продолжи да истражува дали законски се наплатени бонусите на СЈО од неверојатни 4,6 милиони евра.

Токму за оваа одлука, Цветановски пред неколку месеци јавно проговори дека бил предупредуван преку својот шеф, да внимава како ќе одлучи. По ова следуваше наредба од Коцевски за вондреден надзор во Вишото обвинителство.

Реклама

Цветановски во изјава за Алфа вели дека дисциплинската е казна од Коцевски за одлуката да се истражува дали на сцпецијалните обвинители законски им се доделени бонуси од 4,6 милиони народни пари. Тврди дека не ја добил законската можност да се изјасни за наводното нестручно работење.

Ваквиот развој според Цветановски открива кои се вистинските мотиви за дејствувањето на Коцевски кој наместо да работи она што треба да го работи, очигледно сака да расчистува со непослушните.

Случајот со бонусите во СЈО уште во 2019 година го отвори Државниот завод за ревизија и тогашниот состав на Антикорупциска. Обвинителите на Катица Јанева заработија прекршочни пријави дека наплатиле 4,6 милиони евра за почитување на тајност, а ВМРО-ДПМНЕ како тогашна опиозиција поднесе кривична пријава до Организиран криминал. Според пријавата, екс специјалната обвинителка Јанева неосновано исплатила бонуси на обвинителите кои се движеле од 70 до 100 илјади евра, како и на вработените и соработниците на тогашното СЈО.

Лани во декември Организиран криминал на чело со Ислам Абази ја отфрли пријавата. По ова, ВМРО ДПМНЕ вложи жалба до Вишото обвинителство.

Одлуката на Цветановски пред да биде донесе предизвика јавно препукување меѓу обвинителите како и обвинувања за закани и притисоци врз нивната работа. На потег сега е Организиран криминал кој треба да продолжи да го истражува случајот.