Реклама
Прилози

Засега ништо од најавените длабоки кадровски промени во СДСМ– Филипче досега регрутираше само едно ново име во раководството

Вистински реформи или само козметичко реновирање во СДСМ? По изборниот дебакл и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вистински реформи или само козметичко реновирање во СДСМ? По изборниот дебакл и историскиот минимум од освоени гласови, ветените реформи сè уште не стигнаа. Најавите беа гласни, но промените, речиси невидливи.

Единствена конкретна кадровска вест е предлогот доктор Александар Трајановски да биде нов потпретседател, на местото на Ана Чупеска која поднесе оставка. Но, дури ни оваа промена не е официјализирана, туку само најавена од лидерот на социјал-демократите.  За вчера вечерта беше најавено дека по избршниот одбор на Бихаќка , партијата ќе ги објави новите промени во партијата, но освен името на Трајановски, од СДСМ нема ниедна информација, што договориле и дали договориле кои ќе бидат новите промени. Поширока стратегија за реформи не е презентирана ниту пред јавноста, ниту пред членството. Нема соопштено ниедно друго име освен она на новиот потпретседател, и во јавноста се погласно се поставува прашањето дали реконструирањето на СДСМ , ќе се сведе само на едно –две нови имиња.

Во контекст на овие кадровски турбуленции, поранешниот член на СДСМ и актуелен политички аналитичар Иван Атанасовски вели дека партијата мора да влезе во сериозна фаза на реструктурирање:

Реклама

„Во принцип она што треба да го направи СДСМ е после два последователни порази да влезе во процес на реорганизирање и реформирање на партијата. Мислам на тој човечки потенцијал, кадровски потенцијал, каде што лидерот на партијата треба да си процени после овие избори кој од играчите не му функционира, каде треба да се промени.“

Но промени, јавноста не гледа, а ниту пак членството и симпатизерите на СДСМ. Единствено што видовме беа неколку оставки на функционери.

„Тоа е обврска на партијата внатре, нормално е дека јавноста сака да знае, сепак тоа е втора политичка партија по гласови, и јавноста сака да знае на кој начин тие ќе се реформираат и на кој начин ќе продолжат да функционираат во иднина. Но дел од луѓето кои беа изложени на овие локални избори мора да зазаемат одредени партиски функции., вели Иван Атанасовски – аналитичар.

Во меѓувреме, додека СДСМ се бори за нови кадри – шпекулациите не стивнуваат. Она што само Трајановски е ново име за раководна позиција во СДСМ, се чини како социјал-демократите да имаат проблем да најдат луѓе кои сакаат да бидат во врвот на партијата, најверојатно плашејќи се од нивен краток политички рок на траење. Во политичките кулоари кружи инфомацијата дека поранешниот градоначалник и познат доктор, најверојатно Андреј Петров – добил понуда за нова функција, но тој за Алфа не даде коментар, а пак Филипче ја демантра информациајта. Сепак, ниту потврдата, ниту демантот не го смируваат членството – кое бара многу повеќе од симболични промени во врвот на СДСМ.

Формално, Филипче тврди дека има единство. Но реалноста говори поинаку. Внатрешните табори се разбудени, фракции се активираат, а некои структури бараат негова оставка. Тој е дециден дека нема да се повлече.

Тензијата дополнително ја вжештува медиумскиот судир меѓу Љубомир Фрчкоски и Стево Пендаровски. Во целата ситуација, вистинските реформи барем во јавноста  не се гледаат. Освен една номинација -засега нема нов тим, нема визија, нема стратегија. А прашањето станува сè погласно: Дали СДСМ навистина се реформира – или само се шминка пред финалната битка за опстанок?