Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Засега нема нови мерки, цените на храната внимателно се следат – од глоби за непазарно однесување на трговците досега собрани 2,5 милиони евра

Цените на храната внимателно се следат и засега не се планираат мерки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цените на храната внимателно се следат и засега не се планираат мерки за да се спречи нивното евентуално зголемување, рече денеска  заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Тој соопшти дека од досегашните казни за непазарно однесување на трговците, се наплатени 150 милиони денари или 2,5 милиони евра кои се слеани во државниот буџет.

Одговорајќи на новинарски прашања, Ристески најави зголемување на глобите за непочитување на Законот за трговски практики. Како што објасни, сега пропишаните максимални 20 000 евра се всушност минимална сума, посебно за поголемите синџири маркети кои многу лесно можат да ја поднесат. Овие законски измени се очекува да бидат донесени и да почнат да важат во почетокот на 2026 година. 

Заменик-министерот напомена и дека е предвидена изработка на стандардизиран софтвер за транспарентност на цените во маркетите. Ќе го имаат сите трговци и маркети кои ќе треба редовно да го ажурираат. Софтверот ќе може да го користи и секој граѓанин за да креира сопствена кошничка, согласно цените на производите во неговата околина.

Реклама
Се додека не се постигне договор за зголемување на минималната плата во рамки на Економско-социјалниот совет (ЕСС), ќе важи постојната формула за нејзина пресметување. Владата ќе поддржи сека

-Законот за нефер трговски практики треба максимално да се почитува. Ние имаме редовни контакти со Комисијата за заштита на конкуренцијата и од она што го имаме како сознанија од нивна страна, е дека досега имаат поднесено околу 30 налози за глоба. Тие постапки се пред Управен суд. Колкава ќе биде висината на глобите изречени за непочитување на овој Закон, треба да очекуваме наскоро да има конечни решенија од Управниот суд. Инаку, во овој период имаме многу повеќе пријави од страна на добавувачите кои многу повеќе се охрабрени, отколку на почетокот кога почна примената на Законот. Очекувам дека во иднина ќе има уште повеќе вакви храбри добавувачи кои се уценети од некои од трговците, нагласи Ристески по почетокот на Неделата на претприемништвото.

Во однос на казните чие зголемување се планира по Нова година, заменик-министерот напомена дека кога тие ќе бидат повисоки и повеќе ќе „удрат“ по џебот на трговците кои го изигруваат Законот, тогаш Законот уште повеќе ќе се почитува.

Ристески е дециден дека засега нема да има нови мерки во однос на цените на храната.

-Имаме редовни контакти со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) кој оваа година има напревно рекордни над 20 000 надзори во сите субјекти на цела територија на Македонија и изречени се казни за непочитување на законите, посебно околу непазарното однесување на одредени трговци и маркети. Во врска со качувањето на цените и непочитување на претходните мерки се изречени казни од 150 милиони денари 2,5 милиони евра се слеани во буџетот на државата. Ние и натаму ги следиме цените, гледате дека инфлацијата е горе-долу стабилизирана со благ пад. Ако утврдиме дека има такви непазарни, нелогични зголемувања на цените, ќе размислуваме со какви мерки ќе дејствуваме. Сега засега нема да има мерки, потенцира заменик-министерот.