Реклама

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Прилози

Заробена турбофолк партија контролирана од Дубаи- до каде стигна СДСМ?!

Заробена турбофолк партија контролирана од Дубаи. Тоа стана СДСМ, акционерско друштво кое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заробена турбофолк партија контролирана од Дубаи. Тоа стана СДСМ, акционерско друштво кое одамна ја напушти својата политичка идеологија, вели за Алфа поранешната пратеничка во неколку мандати и една од највидните членови на оваа партија во минатото, Весна Бендевска. Според неа, партијата не ја води раководството кое има никакво влијание, туку некои други струи кои до скоро беа на чело и мозок на партијата.

-Тие одамна се заробена партија, која всушност не е ниту партија, туку акционерско друштво. СДСМ е партија која одамна го напушти социјалдемократскиот дискурс, ама сега веќе гледаме дека е турбофолк партија управувана со далечински управувач директно од Дубаи, вели Бендевска за Алфа.

СДСМ избра ново раководство, но според многумина тоа е избор на поранешниот лидер на партијата Зоран Заев. Претничката од ЗНАМ Бендевска вели дека вакивот потег покажува дека тие не ја примиле пораката од граѓаните која ја добија на последните избори.

-Ново раководство, стари политики, изборот на новото раководство е доказ дека тие не ја примиле пораката од граѓаните, кои на последните избори масовно ја казнија нивната антинационална, антидржавна и коруптивна политика. Мислам дека изборот е потврда за отсуство на волја и капацитет да се реформираат суштински, вели Бендевска.

Реклама

СДСМ во моментов својата кампања главно ја темелат на напад кон политичките ривали, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Според Бендевска,така не можат да очекуваат дека нешто ќе добијат.

-Не можат да очекуваат рејтингот да им расте со напаѓачка реторика кон други автентични, автономни новосоздадени партии. Тие покажаа капацитет да се реформираат токму со прескокнувањето на отчетниот конгрес. Тие тоа го завршија во смисол сите сме виновни, продолжуваме понатаму, тоа не е така, не може еден чесен социјалдемократ, кој години наназад работел на терен да е подеднакво виновен со Заев, Ковачевски и останатите раководители со акционерското друштво СДСМ за жал, изјави Бендевска.

СДСМ на последните парламентарни избори го доживеаја најкастрафоланиот пораз, освоија само 18 пратеници, по што Димитар Ковачевски се повлече од лидерското место во партијата, а на негово место дојде Венко Филипче.

Матеја Петровски