Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Заради загадениот воздух, надлежните активираат мерки за заштита и вонредни контроли: Да се ослободат од работа бремените жени и хронично болните

Работодавците да ги ослободат од работа бремените жени и постарите од 60…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работодавците да ги ослободат од работа бремените жени и постарите од 60 години. Луѓето со хронична астма и прележан мозочен удар, без разлика на возраста исто така да останат дома. Засилени инспекциски надзори на фирми и компании кои придонесуваат во загадувањето. Ова се дел од мерките со кои излегоа надлежните, откако речиси во сите поголеми градови во Македонија, се појави голема густина на смог и магла. Во сила се и мерките за реорганизација на работното време како и забрана за одржување на спортски и културни манифестации на отворено. Од Министерството за животна средина и просторно планирање излегоа со мерки во неколку скопски населби, откако мерните станици регистрираа зголемено загадување на воздухот.

„Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање за суспендирани честички ПМ10 – надминување на вредноста од 150 микрограми на кубен метар во текот на два последователни дена – е надминат на мерните места во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и кај Ректорат“, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Министерството за животна средина побара и засилување на вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А и Б интегрирани еколошки дозволи, како и на оние што работат со елаборати. И од Министерството за здравство исто така внимателно ја следат состојбата со загадениот воздух. Министерот Алиу посочи дека се во постојана комуникација со Институтот за Јавно здравје.

Реклама

„Институтот за јавно здравје веќе излезе со препораки ние го следиме секој ден тој момент на квалитет на воздухот и исто така на дневна база комуницираме со Институтот за да може да се синхронизираме за понатамошни чекори“, изјави министерот за здравство“, изјави министерот за здравство Азир Алиу.

Мобилизирани се и во Град Скопје. Препораките оттаму се комунална хигиена да спроведува зачистено чистење и миење на улиците, граѓаните да извршат проверка на исправноста на грејните тела, да се применува користењето на јавниот превоз и да се избегнуваат движење во периодот на сообраќаен метеж. Општините да спроведат проверка на прочистувачите на воздух во детските граники кои се во нивна надлежност. Според платформата IQAir, Скопје утрово е на 15. место во светот со индекс на загадување 128. Воздухот е во црвена зона, опасен за здравјето, со високи концентрации на ПМ 2,5 честички. Слична е состојбата и во Битола, Велес, Кичево, Куманово, Тетово, Охрид и Струмица.