Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Започнува дводневната манифестација „Смилевски конгрес 2026“

Во селото Смилево, Демир Хисар, денеска започнува дводневната културната манифестација „Смилевски конгрес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во селото Смилево, Демир Хисар, денеска започнува дводневната културната манифестација „Смилевски конгрес 2026“. 

Како што посочуваат од НУ Манифестација „Смилевски конгрес“, настанот има цел да отвори простор за преиспитување на улогата на уметноста и заедницата во современиот општествен контекст, нагласувајќи дека културната меморија на Смилевскиот конгрес не се третира како историски остаток, туку како активна можност за ново промислување на заедништвото.

– Во време на расцепканост, симулирана комуникација и псевдоиндивидуализам, оваа манифестација не нуди носталгија, туку позиција дека автентичната уметност не настанува во изолација, туку во однос, во судир, во соработка и присуство на Другиот – стои во соопштението.

Реклама

Програмата опфаќа изложби во настанување, уметнички инсталации и музички настапи, со цел да се создаде жива интеракција меѓу уметниците, локалната средина и публиката. Во центарот на вниманието е колективната инсталација „Песната на славејот“, како и настапите на Чалгија саунд систем, „Brass Brothers“, Летечки Пекинезери, Мојра и Дејание.

– Смилевски конгрес не е само фестивал. Тој е став, дека меморијата не смее да се сведе на декор. Дека уметноста не припаѓа на логиката на производството, туку на поредокот на откривањето. И дека заедницата, ако навистина постои, мора повторно да се создава – велат организаторите.

Во рамки на манифестацијата ќе бидат реализирани и изложбите „Интуитивни клепања“ и „Последните селани“, со учество на Емилија Сандиќ, Сашо Алушевски и Предраг Узелац.