Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Започна Регионалниот форум „Од политика до импакт: Унапредување на интегритетот и институционалните реформи во Западен Балкан“

Во Скопје почна регионалниот форум „Од политика до импакт: Унапредување на интегритетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје почна регионалниот форум „Од политика до импакт: Унапредување на интегритетот и институционалните реформи во Западен Балкан“, кој се очекува да донесе нови заложби, продлабочена координација меѓу земјите од регионот и напредни пристапи во борбата против корупцијата, вклучително и користење на технологија и вештачка интелигенција.

Меѓу другите, на настанот обраќања имаа и собранискиот претседател Африм Гаши и заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи.

-Кога зборуваме за европска интеграција, сакам да потсетам на еден факт што често го нагласувам. Интеграцијата не се забрзува со изјави, ниту пак се попречува од нив. Таа зависи од нашата искрена посветеност кон реформите. Она што ЕУ го бара, не е само усогласување на законите. Таа бара усогласување на вредностите, а вредностите не се увезуваат туку се градат. Секој ден. Не треба да се стремиме кон интеграција за да воспоставиме европски вредности. Туку, напротив, треба да воспоставиме европски вредности за да ја заслужиме интеграцијата. Затоа многу е важно да разбереме дека нашите реформи не му се потребни на Брисел, туку ни се потребни нам, подвлече Гаши.

Реклама

Вицепремиерот Фетаи во изјава за медиумите истакна дека денешниот форум во Скопје кој следи еден ден по одбележувањето на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата, го организира Владата со помош на нејзините партнери Швајцарија и Шведска, како и ЕУ и УНОПС, и НВО секторот, и е посветена на борбата против корупцијата и координирање на следните чекори. 

-На крајот на конференцијата ние ќе усвоиме делкарација – Скопска декларација, која ќе биде основа за понатамошните конференции. Целта е оваа конференција да се организира секоја година. Наредната година ние ќе знаеме до каде сме, дали сме успеале или сме потфрлиле во некои области. Значи главна цел е оваа конференција да биде регионална и да се одржува секоја година. Сакаме да покажеме дека Владата навистина вложува напори во борба против корупцијата, и дека тоа не е само празно предизборно ветување. Наша главна цел е да бидеме фактор на Балканот во однос на оваа тема – борбата против корупцијата, рече Фетаи.

Предвидено е форумот да опфати четири панел-дискусии посветени на регионалните перспективи и координираната меѓународна поддршка за промоција на доброто владеење, зголемување на отчетноста и преточување на политиките во мерливи резултати, потоа – паметно управување, дигитални алатки и вештачка интелигенција во борбата против корупцијата, како и координација меѓу институциите на отчетност и улогата на граѓанското општество и истражувачкото новинарство.

Регионалниот форум „Од политика до влијание: Унапредување на интегритетот и институционалните реформи на Западен Балкан“ ќе ги собере министрите за правда, раководители на антикорупциски институции, претставници на граѓанското општество, медиумите и меѓународните организации од целиот Западен Балкан.

На крајот од настанот, најавено е учесниците да усвојат заедничка декларација за заложби за интегритет, антикорупциски напори и регионална соработка на Западен Балкан.