Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Започна реализацијата на проектот за изградба на јавни паркинзи во Дебарв

Општина Дебар започна со реализација на еден од значајните инфраструктурни проекти за градот, изградба на јавни паркинзи, со цел подобрување на сообраќајниот режим, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање подобри услови за граѓаните и посетителите на градот.   -Основниот проект за паркинзи во град Дебар (Книга 1 – Паркинг 2 и Паркинг 3) претставува инвестиција […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Дебар започна со реализација на еден од значајните инфраструктурни проекти за градот, изградба на јавни паркинзи, со цел подобрување на сообраќајниот режим, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање подобри услови за граѓаните и посетителите на градот. 


 -Основниот проект за паркинзи во град Дебар (Книга 1 – Паркинг 2 и Паркинг 3) претставува инвестиција со вкупна вредност од 16.215.470 денари. Ќе се изгради простор со 250 паркинг места а инвестицијата е  на Општина Дебар. Изведувач на работите е АРХ Конструкцион ДООЕЛ – Тетово, додека стручниот надзор го врши МГ Проект ДООЕЛ – Скопје, информираше градоначалникот Фисник Меља.

Додава дека овој проект е резултат на посветеноста на локалните институции и одличната соработка со централната власт, што претставува уште една потврда за заедничката заложба за развојот на Дебар. 

Реклама

 -Во таа насока, значајна е и поддршката од претставниците на коалицијата ВЛЕН, Билал Касами и Изет Меџити, кои континуирано ги поддржуваат проектите насочени кон локален развој и унапредување на општинската инфраструктура, посочува Меља.

Ова, инаку е прв ваков проект во градот , каде на големо се чувствува недостигот на простор за паркирање, кој посебно е изразен во летниот период кога во градот престојуваат иселениците.

-Општина Дебар останува посветена на реализација на конкретни проекти кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните и придонесуваат за создавање на помодерен, пофункционален и подобро организиран град за сите, нагласи Меља. 

На почетокот на работите, вчера попладне,  присуствуваа Касами и Меџити, со кои на средбата во кабинетот на Меља разговарале и околу пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop” со Албанија, како и за реализација на други проекти од интерес на жителите на  општината.