Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Запленети уште 30 тони марихуана – голема полициска акција изутрината во струмичко Ново Село

Кутија по кутија, 30 тони марихуана беше спакувана во конвојот од шлепер,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кутија по кутија, 30 тони марихуана беше спакувана во конвојот од шлепер, 10-тина камиони, кобиња и автомобили на полицијата. Влезот на фирмата „ЦБД Медплант“ ДООЕЛ во близина на струмичко Ново Село беше блокиран од полициски службеници кои се часови ја спроведуваат заплената.

Првичните информации беа дека ќе се одзмат 20-тина тони, но истражинте органи пронајдоа дополнители 10 тони био која била складирана како отпад. Засега неофицијално, марихуаната селектирана како ѓубре создржела поголем концетрат за да заврши во отпад..

Пред два дена пак во скопската фирма „Алфафарм ДОО Скопје“ сместена во кругот на поранешниот хемиски комбинат ОХИС, биле запленети девет тони марихуана а над 1300 шишиња недоработено масло од канабис. Според истрагата на полицијата двете фирми се поврзуваат со заплената на петте тони марихуна во соседна Србија.

Реклама
  • „Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава“ рече Гоце Андреевски – Портпаролот на МВР.

Еден од уапсените во Србија се јавува како сопственик во скопската фирма „Алфафарм“, па по проверките од МВР, биле констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во количината дрога која ја поседува, произведува, набавува и отуѓува.

  • „Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана. Исто така, извршени се проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина“ изјави портпаролот на МВР.

„ЦБД Медплант“ од струмичко Ново Село е втората фирма од каде се запленија 30 тона марихуана. „ЦБД Медплант“ според она што може да се забележи и на влезот е регистрирана на адреса с. Борисово 3 во струмичко Ново Село, како фирма за „канабис за медицинска намена – производство и трговија“.

Како формален сопственик на компанијата во документацијата се јавува Христијан Котев, но според информации од терен, реалната контрола над фирмата ја има неговиот татко, Тони Котев, со прекар М`гчев. Котев се јавува и како експредседател на огранокот на СДСМ во Ново Село, а имал бизнис релации со Вице Заев, брат на поранешниот премиер, Зоран Заев.

Според жителите со кои поразговаравме, во фабриката изминатиот период имало вработено српски државјани кои престојувале во околните села.

Акцијата започна по заплената на 5 тони марихуана во соседна Србија, прошверцувани од Македонија наменети за тамошниот пазар.