Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Заменик министерот Исени и францускиот амбасадор Де Риголер на отворањето обука за борба против подведување и трговија со луѓе

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска во Центарот за обука…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска во Центарот за обука – Идризово ја отвори обуката за борба против подведување и трговија со луѓе. Обуката ќе трае до 12 февруари, а учествуваат 12 полициски службеници и јавни обвинители, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Исени во обраќањето истакнал дека трговијата со луѓе и подведувањето претставуваат едни од најтешките облици на организиран криминал, што сериозно ги нарушуваат човековите права и достоинството на жртвите, нагласувајќи дека е неопходен интегриран и координиран институционален пристап за нивна ефикасна превенција, откривање и санкционирање.

Тој потенцирал дека обуката има за цел да обезбеди практични знаења и алатки за препознавање на индикаторите за овие кривични дела, правилно постапување во случаи на сомнеж и навремена заштита и поддршка на жртвите, како и унапредување на соработката меѓу полицијата, судовите и обвинителствата.

Реклама

На настанот присуствувале и амбасадорот на Француската Република во Скопје, Кристоф Де Риголер, како и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Стрезоски.

Исени упатил благодарност до Француската амбасада за долгогодишната поддршка и соработка во јакнењето на капацитетите на полициските службеници.