Реклама
Прилози

Законот за потрошувачи влезе во Собрание: Трговците ќе мораат јасно да ги објават цените, а истото ќе треба да го направат и на интернет

Измените на законот за потрошувачи влегоа во собраниска процедура. Трговците ќе имаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Измените на законот за потрошувачи влегоа во собраниска процедура. Трговците ќе имаат обврска да ги истакнуваат производите со продажната и единечна цена на недвосмислен, видлив и читлив начин, а истото да го објавуваат и на интернет – со што потршувачите полесно ќе може да ги споредуваат.

Предлагачите, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека со ова ќе се обезбеди подобра информираност, а може да влијае и на намлување на цените поради зголемената видливост на конкуренцијата.

-Со објавувањето на цените на интернет ќе се обезбеди постигнување на следниве цели. Првата е транспарентност. Потрошувачите ќе имаат лесен пристап до информации за цените. Втората е фер конкуренција. Трговците ќе бидат подеднакво обврзани да ги почитуваат овие одредби. И третата, заштита на потрошувачите. Тие ќе бидат заштитени од нефер практики како што се скриени трошоци или нејасни цени. Овој закон досега успешно е имплементиран во Израел, Италија, Франција и Хрватска и секаде има намалување на цените, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Реклама

СДСМ пак не отстпуваат. Откако седум години на власт имаа низа неуспешни обиди да ги зауздаат цените, сега од позиција на изразуваат незадоволство што бил одбиен законот за намалување на ДДВ-то за струја од 18% на 5%, и укинување на ДДВ-то за храна.

-Со предложените измени и дополнувања на законот за ДДВ предвидовме одржливи решенија. Намалувањето на ДДВ-то за струјата ќе значеше 13 посто пониски сметки за над 600 илјади домаќинства. За сметка од 3.000 денари граѓаните ќе заштедеа најмалку 400 денари месечно, а за повисоки сметки заштедата ќе беше уште повисока. Истото важи и за прехранбените основни производи, изјави Битиќи.

Ваквата реторика на опозицијата немаше да биде парадоксална доколку токму тие не беа на чело на државата до пред само осум месеци. Во нивно време, поточно во јули 2023-та година ДДВ-то на струјата и покрај сите предупредувања и од регулаторот и од енергетичарите дека не е време за тоа, се покачи од 10 на 18 отсто.

Во време на СДСМ имаше и таканаречени луксузни производи за кои Владата стави повисок данок, но на листата се најдоја производи како сладоледот, чипсот,  лутеницата иако требаше со повисок данок да се производи како перки од ајкули или кавијар.

Подоцна листата се ревидираше, но Владата во која вицепремиер за економски прашања беше токму Фатмир Битиќи, кој сега држи прес конференции на оваа тема, процени дека чипсот, гумите за џвакање и сладоледот се нездрави па затоа биле луксузни производи.  Инфлацијата во 2022 достига рекордни 20 отсто.

Од минатата недела во сила се ограничените маржи од 5 до 10% кои донесоа поевтинување за стотици производи. Дел од трговците остро се спротивставија на овие мерки. Премиерот Христијан Мицкоски за ова вели дека вели дека некои од синџирите супермаркети одлучилиле да водат политичка борба против политичка Влада и жали за нивната таква одлука, која според него не е добра. Вели дека доколку било кој има подобар предлог за подобрување на стандардот на граѓаните, подготвен бил да разговара во било кое време.

Комисијата за заштита на конкуренцијата откри картелско здружување, односно договарање на цените кај неколку синџири маркети, за што е поведена прекршочна постапка.

Матеја Петровски