Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Прилози

Загрозен македонскиот јазик: ЕУ ако не сака во нејзиното семејството ќе мора да го прифати неговото постоење

Македонскиот јазик со години е на директен удар од соседите, последниве најмногу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот јазик со години е на директен удар од соседите, последниве најмногу од Бугарија, која целосно го негира неговото постоење. Токму тоа во моментов е и пречка на Македонија на европскиот пат, бидејќи официјална Софија не блокира. Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова, говорејќи за официјалната изјавата испратен од Бугарија до ЕУ, посветена на докажување дека македонскиот јазик бил измислен со декрет на АСНОМ, вели дека Унијата доколку не посакува како член, ќе мора да го признае и македонскиот јазик и култура.

-Значи ја негира посебноста на македонскиот јазик и се тврди дека претставува норма, регионална норма на бугарскиот јазик. Доколку Европската Унија навистина сака да не види обединети, на рамноправна основа во нејзиното големо семејство, тогаш тоа мора да го направи преку почитување на нашата посебност, културна и јазична, изјави Цветанова.

Дека македонскиот јазик е на удар согласен е и потпретседателот на МАНУ, Витомир Митевски. Тој вели дека истиот како еден културен феномен се злоупотребува во дневната политика.

Реклама

-Нашиот јазик се доведува во една парадоксална ситуација, кога неговата основна задача, улога и значење, тенденциозно се извртуваат до безмислие. Така самата негова употреба се претвора во предмет за злоупотреба, од средство за разбирање се преобраќа во средство за недоразбирање. Нашиот јазик како цивилизациска придобивка станува предмет на нецивилизирано однесување, изјави Ќулавкова.

Академик Катица Ќулавкова вели дека Македонците од својата независност се соочуваат со негирања и притисоци од надвор.

-Македонците од мигот на осамостојувањето од Југословенската федерација, во 1991-ва година, надуваат на препреки и притисоци од Обединетите нации, тоа беше случајот со Охридскиот договор и со Преспанскиот договор, Европската Унија и други влијателни фактори на моќ. Преку блокади, условувања, преговори, спогодби, промена на знаме, проена на Устав и негова преамбула, промена на името на државата, изјави Ќулавкова.

За состојбите со македонскиот јазик во МАНУ беше организирана работилници на тема „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“.

Матеја Петровски