Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Здравство

Загинал одговорниот за пиротехниката, Тошковски, најави нови апсења во врска со трагедијата во Кочани

Пиротехниката која доведе до трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пиротехниката која доведе до трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани беше донесена од бендот ДНК, потврди министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по разговор со еден од членовите на бендот. Лицето задолжено за употреба на пиротехничките средства, за жал, го загубило животот во несреќата.

По завршувањето на увидот, ќе биде подготвен извештај за Обвинителството, кој ќе ги утврди деталите и ќе се процени дали пиротехниката требало да поседува сертификат за употреба, согласно законските прописи.

Тошковски истакна дека дискотеката била сместена во објект кој е наменет за лесна индустрија, а не за угостителство, што ја прави неадекватна за ваков тип на настани. Дополнително, се дознава дека во целиот клуб имало само два противпожарни апарати, што ги зголемува ризиците.

Реклама

Концертот на бендот ДНК бил организиран без формален договор со одржувачите на клубот, што дополнително ја става под прашање безбедноста на настанот. МВР не било информирано за овој настан, и според законот, организаторите имале обврска да обезбедат сите потребни услови за безбедно одржување на вакви настани.

„ Денеска констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на такво ниво што слободно можеме да кажеме дека имаме катастрофална состојба. Требало да се следат прописите. Во текот на денешниот ден ќе има повеќе приведени од различни институции, вклучувајќи и МВР, кои се одговорни за издавањето на лиценцата. Корупцијата и криминалот не водат до ништо друго освен до губење на животите на нашите деца. Или одлучно и системски ќе промениме нешто во оваа држава, или ќе ја изгубиме“ – изјави Тошковски.

Тој додаде дека мора да се покаже свесност и одлучност за сите постапки кои треба да се преземат. Секој, без разлика дали е поранешен или сегашен, кој има директна или индиректна врска со овој кривично-правен настан, ќе одговара.