Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Заев во Лондон без право на глас, опозицијата бара итна ратификација на протоколот во Собранието

Македонија е подготвена да ја преземе обврската како полноправна членка да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е подготвена да ја преземе обврската како полноправна членка да го даде својот придонес за менување на мултидимензионалните безбедносни предизвици што стојат пред НАТО. Премиерот Заев на Самитот на НАТО во Лондон повтори дека Македонија ќе стори се за да го зголеми буџетот за одбраната до 2 проценти од БДП како што бара Трамп, до 2024 година при што главен дел од овие пари е се одвојуваат за модернизација на армијата.

Заев, на чело на владина делегација  присуствува на Самитот на НАТО во Лондон, седи на иста маса со претставниците на земјите членки, но нема право да гласа заедно со сојузниците. Тој на фејсбук порача дека македонската иднина со вакви сојузници е гарантирана и дека Македонија е 30-та членка на НАТО што носи просперитет за сите наши граѓани. Сепак, Mакедонија се уште не е членка бидејќи Шпанија доцни со ратификацијата на протоколот, а за да не се случи не сакано сценарио според кое власта би ги одложила изборите на 12 април, опозицијата, и македонската и албанската, побара, Собранието да не ја чека Шпанија и пратениците да го изгласаат протоколот за влез во НАТО веќе на наредната седница.

Спикерот Џафери пак, порачува дека иницијативата за ратификација на членството во НАТО ВМРО-ДПМНЕ не треба да ја достави во Парламентот туку треба да ја испрати до Владата.

Реклама

Претседателот Пендаровски од своја страна синоќа изрази став дека во случај Шпанија да задоцни и да го ратификува Протоколот за членство во предизборниот период, не би било проблем тој во македонското Собрание да биде потпишан по изборите и конституирањето на новиот собраниски состав.

Драган Милосављевиќ