Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Заев повторно „насанкан“- му се јавила и „Грета Тунберг“

Премиерот Зоран Заев разговарал со Грета Тунберг, но исто како и Петро…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Зоран Заев разговарал со Грета Тунберг, но исто како и Петро Порошенко и Јенс Столтенберг и таа била лажна. Изгледа џабе променетиот број и зголемените безбедносни мерки, Заев повторно жртва, на како што велат за Алфа од Владата хибриден напад, но овој пат многу пософистициран од оние претходните.

Премиерот се посомневал дека разговара со лажната Грета и нејзиниот татко, но сепак го довршил разговорот. Она што најмногу загрижува е што телефонскиот контакт бил закажан преку Амбасадата на Македонија во САД, од каде очигледно не провериле со кого шефот на Илинденска треба да разговара.

-Веднаш после завршениот разговор, беа направени сите проверки за верификација на идентитетот на соговорникот, и со сигурност може да се потврди дека е разоткриен хибриден комуникациски напад врз Кабинетот на премиерот… Овој случај на хибриден напад е многу пософистициран од случајот со руските пранкери, но преземените мерки на внимателност и сеопфатност во комуникацијата и проверките, овозможија случајот да биде разоткриен и разобличен, велат за Алфа од Владата.

Реклама

Од Владата велат дека ваквиот случај го пријавиле кај семејството Тунберг, најверојатно кај вистинското. Пи-Ар советникот на Заев дури се пофали дека од таму биле многу благодарни поради тоа што ги информирале за овој случај.

-После разоткривањето, стапивме во контакт со семејството на Грета, ги известивме за сите детали, ги известивме дека ќе објавиме во јавност, а од таму добивме одговор дека и тие се многу вознемирени од ваквите вести, дека ќе пријават за злоупотребата до надлежните органи, и дека се многу благодарни што сме ги информирале за оваа злоупотреба, вели Забрчанец.

По лажните Столтенберг и Порошенко, Заев разговараше и со лажната Грета Тунберг, останува отворено прашање дали премиерот ќе има уште разговор со уште некој лажен државник или можеби и активист.

По објавените разговори со лажните Порошенко и Столтенберг од Владата се пофалија дека ги унапредуваат протоколите и правилата за закажување состаноци и за спроведување на телефонски разговори во Кабинетот, но изгледа лажната Грета успеа да ги прелаже и да го добие премиерот. Ако разговорите излезат на интернет, дали конечно тогаш премиерот ќе ги покаже записниците од разговорот кој им ги вети на новинарите после пранкерскиот театар, ама никогаш не им ги даде?

Матеја Петровски