Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Заеднички час во знак на почит за младите загинати

Со седумминитно молчење точно напладне, стотици студенти пред платото на УКИМ оддадоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со седумминитно молчење точно напладне, стотици студенти пред платото на УКИМ оддадоа почит на 59-те загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Дождот не ги одврати со професорите да одржат заедничка настава и да се солидаризираат со семејствата на загинатите. Во редици чекаа да запалат свеќа, да се потпишат во книгата на жалост и да остават венец и свежо цвеќе во спомен на жртвите. Се оставаа и пари за поддршка на семејствата во кутиите за донации пред „Филозофскиот факултет“.

Говорите за сочувство и поддршка на  министерката за образование Јаневска и ректорката на УКИМ, Ангелова, накратко беа прекинати по извиците за помош од публиката. Две лица колабираа, па во толпата влезе министерката со студентите по медицина за да пружи помош. Интервенираше и итната медицинска помош.

„Вашето присуство значи свесност, значи солидарност, значи хуманост, значи споделување не само на доброто туку и на тагата и на болката, а тоа е најважно што младите луѓе и сите ние останати заедно во овие тешки моменти можеме да го покажеме. Овде сме сите заедно за да им помогнеме на живите да ја преболат тагата“, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

Реклама

„Занемени сме од тага, шок неверување, немоќ, во овој момент не ни останува ништо друго освен да го покажеме нашето заедништво во овој непребол. Заедништво во болката на семејствата на загинатите, заедништво во поддршката на повредените и нивните семејства во нивната борба за живот и за  опоравување. Во името на УКИМ и од мое лично име изразувам најдлабоко и најискрено сочувство на семејствата на загинатите во оваа голема трагедија“, изјави ректорот на УКИМ, Биљјана Ангелова.

Претседателот на студентското собрание Николовски соопшти дека заедничката настава и собирите на студентите, ќе продолжи сè до 21 март, секој ден, почнувајќи од 12 часот, на кампусите на УКИМ. Утре ќе се одржи на кампусот на техничките факултети, в среда на ПМФ, во четврток пред Педагошкиот факултет, а за петок ќе биде организиран марш низ Скопје.