Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Задолжително изучување на ромскиот јазик во основните и средни училишта побара Шабан Салиу

Задолжително изучување на ромскиот јазик во сите основни и средни училишта, каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Задолжително изучување на ромскиот јазик во сите основни и средни училишта, каде има мнозинство ученици од ромската заедница. Формирање на катедра на Универзитетот св. „Кирил и Методиј“ на кој ќе се предава ромскиот јазик и формирање на Институт во Скопје кој ќе го следи развивањето на истиот. Министерот за ресор, Шабан Салиу, по повод Меѓународниот ден на Ромскиот јазик, рече дека новата влада ќе се фокусира на зачувување на ромскиот јазик и идентитет.

Ќе се заложи и дел од од средствата од новиот буџет за Министерството за образование, се наменат за печатење на 30.000 граматики, буквари и речници и да има повеќе емисии на Македонската телевизија и радио по ромски јазик.

Очекуваме институционално вистинско системско решение за ромите, во поглед на јазикот“, рече Шабан Салиу, министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на стратегхијата за инклузија на Ромите

Реклама

И премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ромскиот јазик е потсетник дека мораме да го зачуваме и негуваме и да се погрижиме дека ќе продолжи да живее и да се развива. Мицкоски рече дека образованието не треба да биде привилегија и дека тоа треба да биде право достапно за секој млад човек, без разлика на неговото потекло, економска состојба или етничка припадност. Нивна задача како влада е да изградат систем кој ќе овозможи квалитетно и достапно образование за сите.

Ромскиот јазик е многу повеќе од само средство за комуникација. Тој е симбол на идентификација, на култура и на единството на ромската заедница низ целиот свет. Преку него се пренесуваат приказни, обичаи, песни и танци, кои се одржуваат од генерација на генерација. Јазикот е она што ја врзува една заедница, што и дава чувство на припадност и ја одржува нејзината автентичност“, рече Христијан Мицкоски.

Светскиот ден на ромскиот јазик ги промовира ромскиот јазик, култура и образование. Се слави на 5 ноември, а УНЕСКО го прогласи за Светски ден во 2015 година. Од 2018, 16 земји членки на Советот на Европа го имаат признаено ромскиот јазик како малцински јазик според Европската повелба за регионални или малцински јазици. 

Љубиша Владимриов