Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Задоцнета кислородна поддршка – причина за смртта на 14 месечното бебе

Задоцнета кислородна поддршка е главната причина за смртта на 14 месечното бебе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Задоцнета кислородна поддршка е главната причина за смртта на 14 месечното бебе утврдила стручната комисија на Министерството за здравство. Проблемот бил што во клиничката болница Козле немало соодветна апаратура за давање инвазивна и неинвазивна вентилација односно кислородна поддршка.Според наодот на комисијата, системска грешка имало и на Детската клиника каде лекарите направиле превид кога не го хоспитализирале детето. Министерот Таравари најави дека извештајот од комисијата ќе биде испратен до двете клиники и до Етичката комисија во Лекарската комора, со цел да се преземат соодветни мерки.

 “Во системските утврдено е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациенти при прием и дека има потреба од континуирана обука за докторите на Детска клиника за срцеви болести. Во однос на техничките пропусти, во Козле е утврдено дека има потреба од апарат за респираторна поддршка и унапредување за организирање на транспортот од една до друга установа”, рече министерот за здравство Арбен Таравари.

Според докторите од стручната комисија,главниот проблем во случајот со бебето  е недостатокот на медицинска опрема.

Реклама

За случајот со 31-годишната родилка од Куманово која почина при породување во кумановската болница, стручната комисија не утврдила неправилности ниту при третманот на бременоста, ниту при породувањето.

Ања Лукарова