Интензивирањето на регионалната соработка, решавањето на отворените прашања, јакнењето на политичкиот дијалог и забрзувањето на евроинтегративниот процес за Западен Балкан, се само некои од темите на денешниот работен состанок од Процесот Брдо-Бриони, што се одржува денеска во Охрид.

На состанокот учествуваа претседателите на Македонија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Косово – Гордана Сиљановска-Давкова, Наташа Пирц-Мусар, Зоран Милановиќ, Јаков Милатовиќ, Бајрам Бегај и Јустина Широка-Пула, в.д. претседателот на Србија – Александар Чупиќ, како и претседавачката и членовите на Претседателството на БиХ – Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ.

По завршувањето, предвидена е заедничка прес-конференција на домаќинот Сиљановска-Давкова и коорганизаторите на Процесот, Пирц-Мусар и Милановиќ.
Во рамките на самитот се одржуваат и билатерални средби меѓу учесниците.
Настанот во Охрид го следат голем број медиумски екипи не само од земјата туку и од регионот.

