Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

Забрзана реализација на железницата со Бугарија: Се градат 29 мостови и 15 тунели, ќе биде готова до 2031 година

Низ 15 тунели, 29 мостови високи над 61 метар и со брзина до 120 километри на час, од 2028 година македонските граѓани ќе се возат со воз од Скопје до границата со Бугарија. Еден од најголемите и најкомплексни инфраструктурни проекти во Македонија, изградбата на втората делница од железничкиот Коридор 8, на потегот Бељаковце – Крива […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Низ 15 тунели, 29 мостови високи над 61 метар и со брзина до 120 километри на час, од 2028 година македонските граѓани ќе се возат со воз од Скопје до границата со Бугарија. Еден од најголемите и најкомплексни инфраструктурни проекти во Македонија, изградбата на втората делница од железничкиот Коридор 8, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, се реализира со засилена динамика. Министерот за транспорт Николоски и директорот на Железничка инфраструктура, Ивановски, кои денеска извршија увид во градежните активности, посочија дека станува збор за еден од најзначајните инфраструктурни зафати што моментално се градат во државата. Пругата е дел од стратешкиот НАТО Коридор 8 и ќе ја поврзе Македонија со Бугарија и со Црното Море. Во рамки на проектот ќе бидат изградени и три нови железнички станици, шест надвозници и три подвозници.

„Очекувам до октомври 2028 година тука веќе да оперираат возови. Ова е дел од Коридорот 8 – источно крило, по изградбата на втората делница, секако ќе ја градиме и третата. За неа, во соработка со Европската инвестициска банка, ЕБОР и ЕУ, од каде што имаме грант, сакам да се заблагодарам. Веќе е објавен тендер за избор на надзорен орган, а очекувам во следните неколку недели, во соработка со ЕБОР и ЕУ, да го објавиме и тендерот за изведба како би можеле, конечно, Македонија со пруга да ја поврземе со Бугарија, односно Скопје да го поврземе со Софија, а оттаму и со Црното Море“, изјави министерот за транспорт Николоски.

Во рамки на проектот ќе бидат вградени десетици илјади тони арматура и вкупно 125.000 кубни метри бетон. Ивановски истакна дека станува збор за делница на која повеќе од три децении немало позначајни активности и чија изградба е дополнително усложнета поради конфигурацијата на теренот.

Реклама

„Се работи за вториот дел од пругата кон Бугарија со должина од 34 километри. Онаа пруга што е почната уште во деведесеттите години и 30-ина година немаше никакви активности, сега интензивно се работи. 03:30Покрај сите овие неповолни услови, проектот е со реализација од 37 проценти“, изјави Синиша Ивановски директор на Железничка инфраструктура.

По изградбата на оваа делница ќе следи и третата, за која веќе се преземаат активности во соработка со Европската инвестициска банка, ЕБОР и Европската Унија. Изградбата на пругата до Бугарија ќе ја чини Македонија 810 милиони евра, додека Бугарија за својот дел од проектот ќе инвестира околу една милијарда и 500 милиони евра.

Доколку динамиката на изградба се одвива според предвидениот план и доколку и Македонија и Бугарија ги исполнат преземените обврски, железничкото поврзување меѓу Скопје и Софија се очекува да биде воспоставено до 2031 година.

Николоски најави и средба со актуелниот бугарски министер за транспорт, за да се увери како се одвиваат градежните активности и на бугарска страна. Според него кај источниот сосед најголем дел од трасата ќе мора целосно да биде реконструирана.