Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Димитриевски од Кичево: ЗНАМ не бара алиби, туку полага отчет, резултатите се вистинската политичка легитимација

Политиката не е натпревар во ветувања, туку одговорност за секоја одлука и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политиката не е натпревар во ветувања, туку одговорност за секоја одлука и за секој резултат. Со оваа порака, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска во Кичево ја продолжи серијата панел-дискусии посветени на отчетот за изминатите две години, под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, се вели во партиското соопштение.

„На средината од мандатот, ЗНАМ излегува пред граѓаните со сеопфатен отчет за работата на своите избрани и именувани функционери, преточен во посебна отчетна публикација. Граѓаните имаат право да знаат што е сработено, кои обврски се исполнети и какви резултати се постигнати. Отчетноста не е обврска само пред избори, туку секојдневна одговорност кон оние што ни ја дале довербата“ истакна претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Тој нагласи дека зад отчетот стојат конкретни активности и политики што треба да донесат промени во секојдневието на граѓаните, од повеќе од 1.200 капитални проекти во општините, преку изградбата и унапредувањето на патната инфраструктура и Коридорите 8 и 10, до линеарното зголемување на пензиите и растот на платите во повеќе сектори. Зад бројките, како што посочи, мора да стојат реални резултати, подобри услови за живот и поголема сигурност за граѓаните.

Реклама

„Не бараме доверба врз основа на убаво изговорени зборови. Довербата се оправдува со работа, со одлуки и со резултати што луѓето можат да ги препознаат. Затоа сме меѓу граѓаните и денес, затоа ќе продолжиме да разговараме отворено и да одговараме за нашата работа. Македонија се сака со дела, а политичката одговорност се докажува токму така“ порача Димитриевски.

На панел-дискусијата се обратија и Весна Бендевска, потпретседател на Собранието и потпретседател на Движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини и претседател на Градската организација на ЗНАМ,како и др. Злате Мехмедовиќ, директор на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација и член на Извршниот одбор на ЗНАМ. Дискусијата ги опфати резултатите и предизвиците во здравството, енергетиката, законодавниот процес и функционирањето на институциите, со посебен акцент на одговорноста за преземените обврски.

Движењето ЗНАМ ќе продолжи со отчетните средби низ државата, отворено разговарајќи со граѓаните за сработеното, за предизвиците и за она што допрва треба да се реализира. Затоа што отчетот не е крај на една работа, туку обврска да се продолжи уште посилно, со јасни цели, конкретни решенија и одговорност за секоја преземена обврска. Најважно е резултатите да се чувствуваат таму каде што се најпотребни, во секојдневниот живот на граѓаните.