Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Забранет пристап на Водно и групирање на повеќе од пет лица, од утре значително присуство на Армијата

Војската излегува на улица. Од утре војниците заедно со полицајците ќе патролираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Војската излегува на улица. Од утре војниците заедно со полицајците ќе патролираат низ градови, а ќе имаат задача да ги спроведуваат мерките на владата за спречување на ширењето на болеста. Меѓу другото, ќе проверуваат дали се почитуваат наредбите за изолација на сомнителните случаи, но и најновата мерка со која се забранува собирање на група поголема од 5 луѓе.

  • Почнувајќи од утре, ќе биде забележано значително присуство на Армијата комбинирано во заеднички патроли и активности за обезбедување на сите државни гранични премини на нашата татковина. Исто така ќе имате можност да забележите наше учество и присуство во комбинирани заеднички патроли со полицијата и органите во земјата- изјави генерал-потполковник

Во исто време, армијата ќе го зголеми присуството на границите, за да спречува евентуални илегални влегувања на луѓе од соседните земји, а кои можеби биле во критичните региони. Засега, од Армијата велат дека нема потреба за ангажирање на резервниот состав.

  • Ќе се вклучат дополнителни ангажмани, но во моментот проценките на Генералштабот и препораките од Врховниот командант се дека нема потреба во моментов за било какви мобилизација на резервниот состав на Армијата. Имаме доволни капацитети човечки и технички, искуство, знаење, соодветни мерки.. -рече Ѓурчиновски.

Инаку доцна синоќа Владата усвои и дополнителен пакет мерки, го затвара паркот„Водно“ од 18 до 6 часот наредниот ден, ќе ги провери гласините дека се организирале забави во населбите Сопиште и Соње. И школите за обука за возачи ќе бидат затворени во наредните две недели.
Сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги да воведат редарски слижби или обезбедување, кои треба контролираат бројот на луѓе и метежот, растојанието од два метри мора да се почитува. Со мерките институциите треба да се организираат подобро, вработените од дома да ја извршуваат работата без да се наруши редот.

Реклама

Викторија Миткова