Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Забрана за влез во Бугарија за адвокат Тони Менкиноски – аларм за владеењето на правото и човековите права

Бугарија му забрани влез во земјата на адвокатот Тони Менкиноски, до 2036…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија му забрани влез во земјата на адвокатот Тони Менкиноски, до 2036 година. Во официјалниот документ кој го добил Менкиновски стои дека наводно тој претставувал закана за националната безбедност на Република Бугарија. Менкиновски се сомнева дека мерката е директно поврзана со неговата работа како адвокат кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Како што вели тој ваквото обвинение е сериозно и донесено без конкретно образложение и без претходна правна постапка.

„Јас при влегување на граница, луѓето кој работеа таму не можеа никако да го поминат мојот пасош и ме замолија да ја тргнам мојата кола на страна и притоа ми кажаа дека од Софија добиле известување со кое мора да ме задржат бидејќи треба од Софија да добијат некои документи. После половина час чекање на граница ми ги доставија овие документи, ми удрија црн печат на пасошот.“- вели адвокатот Менкиноски.

Оваа одлука е срам за Бугарија, но и за Европската Унија, вели Менкиновски и препознава заплашување на адвокатите и директно мешање во независноста на адвокатската професија. Како што вели тој, наместо да ги спроведат одлуките на Европскиот суд за човекови права, Бугарите преземаа мерки кои можат да се толкуваат како притисок врз адвокат.

Реклама

„Бугарија мора да ги имплементира сите 14 пресуди односно да го признае правото на Македонцитте да имаат свои клубови, своја политичка партија и свое идентификување. Сега ова е израз на немоќ сакајќи преку мене да покажат сила со тоа што не се дозволува влез на нивниот адвокат кој ги застапува пред Европскиот суд за човекови права.“- додава адвокатот.

Тој дополнително посочи дека ќе ги искористи сите правни и институционални механизми за да ја оспори оваа одлука. Случајот ќе биде доставен и до Комесарот за човекови права, Европскиот парламент, ОБСЕ, и Обединетите нации, како и меѓународните организации кои ја следат состојбата со човековите права и независноста на адвокатската професија. Ваквите постапки можат да имаат сериозни последици, реагира праваната фела во државата, меѓу кои заплашување на адвокати кои работат на случаи поврзани со човековите права, ограничување на нивната слобода да ги застапуваат своите клиенти и отежнат пристап на граѓаните до меѓународна правда.