Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

За три месеци дебарските пожарникари со двојно повеќе работа од истиот период лани

Четиринаесетте дебарски пожарникари во првите три месеци годинава имале двојно повеќе работа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четиринаесетте дебарски пожарникари во првите три месеци годинава имале двојно повеќе работа споредено со истиот период минатата година, евидентирајќи 114  интервенција, што е за 61 интервенција повеќе.

-Од вкупниот број 67 се интервенции на отворен простор, 24 на објекти, две на сообраќајни средства, додека останатите 21 се технички интервенции. Нашата статистика потврдува дека во последните години има зголемен број интервенции. Така, во истиот период минатата година имавме 53, во 2024 година 11 интервенции, што беше најмала бројка во седумдецениската статистика на нашата единица. Година пред тоа за три месеци имавме 37 интервенции, изјави Џетан Мифтароски, командир на единицата.

Имајќи предвид дека сè уште се наоѓаме во период на грејна сезона, Мифтароски апелира до граѓаните редовно да ги чистат оџаците, бидејќи години на ред тие се главната причина за пожари на објекти. 

Реклама

Исто така апелира да не се пали вегетација и да се внимава при движење на отворен простор да не се фрлаат догорчиња од цигари или палат огнови.

Дебарските пожарникари, освен во општина Дебар,  интервенираат и во општините Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река, но по потреба, од хуман аспект, интервенираат и во пограничниот појас на албанска страна, што е во рамки на воспоставената соработка меѓу општините, Дебар и Пешкопеја.