Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ЗА ТРИ ДЕНА 2.490 КАЗНИ: 513 за брзо возење, казнети и 185 несовесни пешаци

Во текот на изминатите три дена од оваа недела (14./15./и 16.07.2025) полициските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на изминатите три дена од оваа недела (14./15./и 16.07.2025) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, евидентираа вкупно 2490 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила.

-Така, заради неприлагодена брзина на движење изречени беа 513 прекршоци, за неправилно паркирање 657, додека пак 251 учесник во сообраќајот се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола. Исто така, за 89 учесници во сообраќајот изречени се прекршоци за некористење сигурносен појас, 103 лица се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило и уште 153 лица заради неносење на заштитна кацига. Покрај ова евидентирани се девет случаи на минување на црвено светло, а изречени се дури 185 прекршочни платни налози за пешаци, додека пак од сообраќај се отстранети 26 возачи заради управување на возило под дејство на алкохол, информира МВР.

Согласно пак Законот за возила во посочените три дена од неделава беа изречени 12 прекршоци по основ на технички неисправни возила и 56 по основ на возила коишто не биле регистрирани.

Реклама

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.