Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

За Шеќеринска не е проблем што велешката касарна е без лекар

Тоа што нема лекар во велешката касарна каде деновиве изби скандал со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тоа што нема лекар во велешката касарна каде деновиве изби скандал со заразени војници од шуга, за министерката Шеќеринска не само што не е непознато, ами изгледа и оти не е скандалозно. Таа вели дека лекарот не бил тука оти бил испратен на специјализација. Ама зошто тоа би требало да биде оправдување за да не се донесе нов лекар?

“Факт е дека во армијата долги години медицинската струка била занемарена.Ниту се регрутирале ниту се чувале кадрите, ниту пак специјализирале.Ние го направивме чекорот што е неопходен,а тоа е што испративме лекар на специјализација “-  вели Шеќеринска.

Прашањето за немање лекар во касарна со 200 војници на патот кон НАТО можеби не ја вознемирува толку министерката – колку што присуството на екипата на Алфа.

Реклама

Изјавите на луѓето вработени во касарната што Алфа вчера ја посети се на иста линија со шефицата на одбраната. Тие дури и не убедуваа дека немаат потреба од лекар,и дека било доволно еден стоматолог, неколку медицински техничари и  психолог да се грижи за повеќе од двесте воени лица.

“Во моментот имаме доволно медицински кадар, во однос на среден и образован медицински персонал кој е од состав од армијата” – изјави Јаневски.

Скандалот во велешката касарна изби пред неколку денови кога јавноста разбра дека кај војската, што ќе стои рамо до рамо со војниците од НАТО, има шуга. Еден е официјално заразен, а неофицијално се најмалку 8 кои можно е да се заразиле додека првиот не знаел дека е болен. За министерката, имало само уште двајца што се под надзор.

 

Ања Василева