Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

За повеќето граѓани да се купи стан во Скопје е невозможна мисија

Дали да купам стан во Скопје или Солун? Ова прашање си го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали да купам стан во Скопје или Солун? Ова прашање си го поставуваат граѓаните откако цената на метар квадрат во метрополата стигна до 2000 евра квадрат.

Високите цени во населбите како Карпош, Центар, Аеродром и Кисела Вода вилијаеа и на покачување на квадратот и во по неатрактивните населби како Ѓорче Петров и Автокоманда, но и таму не може да се најде недвижнина под 1100 евра за квадрат.

Експертите поделени. За едни чудно е како може луѓе со ниски примања да купуваат толку скапи станови, за други пак логично е пазарот да ја диктира цената.

Реклама

„Не знам која е логиката на луѓето да купуваат толку скапи станови. Една третина станови во Македонија се празни. Никој не поведува сметка дали имаме потреба од толкав број на станови, дали јавниот интерес и потреби се задоволени. Веќе мора да размислуваме Скопје да го направиме затворен град. Не можеме да збориме за станови и градба кога гледате дека Скопје повеќе не функционира. Можам да ви кажам дека цените во Словенија и Хрватска се на ниво како и кај нас, ама да не збориме која е Словенија и Хрватска и кој е нивниот стандард“, вели Никола Велковски, градежен експерт.

Граѓаните се жалат дека становите во Скопје никогаш не биле поскапи и дека цените стигнале до плафон, а за тоа доволно зборуваат сумите што секојдневно се среќаваат по огласите за продажба на недвижности.

Првиот статистичар во земјата вели дека последниот попис покажал дека има многу празни станови како дел од семејни куќи или станови во постари градби, а речиси и да нема слободно место во поновите модерни градби.

„Јас како економист ќе ви кажам дека токму пазарот ја определува цената. Значи никој не може да гради, ако не може да продаде. Треба да бидеме и внимателни кога зборуваме за тоа што значи празен стан. Под празен стан се подразбира и дел од индивидуален објект куќа како што ние традиционално кажуваме. Пример, ако е на два спрата, едниот спрат е по стандардите на посебна стамбена единица, која што ја користи домаќинството и не можете истовремено едно домаќинство да сместите во два стана. Тоа мора да биде сместено во еден, па затоа се смета за празен стан. Оваа бројка е страшно голема и покажува дека многу од вистинските стамбени објекти не се користат, односно дека се празни“, смета директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски.

Последниот попис покажа дека во Македонија, една третина од становите се ненаселени. Во Скопје има 213000 станови од кои 43.000 се празни. Иако експертите не можат да предвидат конкретно за колку и кога становите ќе се намалат сепак очекувањата се дека по 2025 година, може да се очекува стабилизација и благ пад на цените затоа што тогаш е предвидено бројни стамбени комплекси да бидат завршени.

Љубиша Владимиров