Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

За изградбата на автопатот Прилеп- Битола, треба да бидат експроприрани околу 300 хектари обработливо земјоделско земјиште?!

Над 400 жители од прилепското село Беровци се плашат дека ќе останат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 400 жители од прилепското село Беровци се плашат дека ќе останат без своите обработливи земјоделски површини од кои егзистираат со вкупна површина од околу 30 хектари. За контраверзната изградба на новиот автопат Прилеп-Битола од Коридорот 10Д, на нивните имоти требало да никнат асфалтни и бетонски бази, како и кампови за работниците кои во следните најмалку пет години ќе работат на оваа делница. Гневни и лути, месните жители денеска излегоа на протест, а ангажирале и адвокати, преку кои доставиле и петиција до сите надлежни државни институции.

   „Приватното земјоделско земјиште кое „Бехтел и Енка“ го одзема не се наоѓа ниту на трасата на предвидениот автопат, туку е на околу еден километар од предвидената траса. Очекуваме надлежните државни институции и ЛС да реагираат во насока на корекција на овој апсурд во најава. Ние понудивме конкретно решение, затоа што во непосредна близина има неискористени огромни парцели на државно земјиште и без притоа да има потреба државата да води постапки за експропријација и да плаќа надоместоци за експропријација“, – рече Ангела Ѓеорѓиески, правен застапник од АК „Топчиоски“.

  „Ние не знаеме што ќе се случи со ова население доколку се одземе земјата. Никој не не’ информира од државата, туку не’ информира „Бехтел и Енка“. Не’ повикуваа еден по еден да не’ кршат како сламки, а државата не реагира“, реагираат мештаните и додаваат дека очигледно некој сака земјата да им ја земе за џабе, а и да ги разболи.

Реклама

   „На 500 метри до населеново место да имаме асфалтна база, да имаме бетонска база, тоа значи рак за ова населние. Овој пат најверојатно ќе се гради 10 години. Ова е страшно“, кажа Петре Ристески од с. Беровци.

  „Со грдна пот е спечалено и да ни го одземат сега ?! Значи, одовде живее цело село. Значи децава мои, од другиве, жито, пченица, пиперки, компир, значи производството ако ни го одземат, нека ни земат и деца, и фамилии, и се’ нека ни земат и ќе не’ остават на улица“, – посочи Киро Јанчески од с. Беровци.

   Според информациите до кои дојде Алфа, веќе во наредната недела треба да се одржи средба во ЛС Прилеп со претставниците од „Бехтел и Енка“, со цел изнаоѓање на решение.

   Колку за потсетување, автопатската делница од Коридорот 10Д треба да биде готова за 57 месеци и според пресметките, за 39,3-те километри, по цена на чинење од 12 милиони евра од километар, таа би чинела околу 472 милиони евра, а за која засега, нема ниту конечен проект, ниту означена траса, ниту пак се знае до каде е експропријацијата на земјиштето во плодната Пелагонија.

Каролина Дурло