Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

За две недели 21 кривична пријава за семејно насилство

Тепачки, обиди за убиство, силувања, демнења – пријавите за семејно насилство го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тепачки, обиди за убиство, силувања, демнења – пријавите за семејно насилство го наполнија полицискиот билтен. Според податоците од МВР во последниве две недели на територијата на целата држава пријавени се 39 случаи и 63 поплаки од жртви на семејно насилство. Дополнително соопштуваат дека за истиот период, во Скопје, Министерството поднело 21 кривична пријава во врска со насилство во семејството, а изречени се пет мерки притвор и една мерка за претпазливост.

„Во текот на последните две недели МВР поднесе 21 кривични пријави за сторени вкупно 25 кривични дела во врска со семејно насилство, од кои шест кривични пријави се поднесени по брза постапка. Покрај ова на подррачје на СВР Скопје поднесени се пет кривични пријави за родово базирано насилство, од кои три се за „загрозување на сигурноста“ и две кривични пријави за кривично дело „демнење“.– велат од МВР.

Трагедијата во скопски Карпош, која пред неколку дена ја потресе јавноста ги охрабри жртвите почесто да ги пријавуваат насилниците. По случајот во кој Ивана држејќи ја во раце својата ќерка се самоуби, а предходно со години била тепана и малтретирана од сопругот Стојанче, Министерството за внатрешни работи бележи зголемен број пријави за семејно насилство. Во јавноста следуваа и апели за поголема храброст кај жртвите да ги пријавуваат насилниците. Премиерот Христијан Мицкоски ги повика сите кои се соочуваат со насилство да не се плашат да ги пријават случаите и да не ги повлекуваат пријавите, нагласувајќи дека само така институциите можат соодветно да реагираат.

Реклама

„Сите жртви на насилство да пријават, да не ги повлекуваат пријавите за да може системот да реагира. Ако жртвата на насилство – булинг од најрана возраст, семејно насилство – ако таа пријава биде повлечена, не постои систем во светот кој би можел да реагира“– вели премиерот Христијан Мицкоски.

Според податоците од МВР, во 2025 година Македонија бележи тренд на зголемување на бројот на изречени мерки за притвор по пријавите на семејно насилство и уверуваат дека оваа практика ќе продолжи и оваа година.

Од почетокот на 2024 година до денес во јавните обвинителства евидентирани се 1.715 постапки за телесна повреда сторена при семејно насилство, при што 798 постапки биле запрени поради повлекување на предлогот за гонење од жртвата.