Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Зајкова од Брисел: Македонија има целосно право да се самозаштити со европски механизми, исто како што тоа го прави деновиве ЕУ

Либерално-демократската партија информира дека претседателката на ЛДП, пратеничката Моника Зајкова, на настанот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Либерално-демократската партија информира дека претседателката на ЛДП, пратеничката Моника Зајкова, на настанот на „Renew Europe“ во Брисел –  Форум за Западен Балкан 2026 (Western Balkans Forum 2026): A New Chapter for Europe – испрати јасна порака дека Македонија има целосно легитимно право да се самозаштити со европски механизми, исто како што тоа деновиве го прави и самата Европска Унија, стои во соопштението на Либерално-демократската партија (ЛДП).

Зајкова истакна дека ЛДП е инспирирана и поучена од актуелните дебати во Европскиот парламент, каде што се разгледуваат заштитни клаузули за зачувување на европскиот суверенитет, безбедносни и економски интереси – особено во контекст на Гренланд и ревизијата на веќе потпишаните договори на ЕУ со САД и со Mercosur.

„Апсолутно е вон умот да се очекува Македонија да се однесува неевропски, додека ЕУ со право се самозаштитува со правно обврзувачки клаузули. Ако тоа е европски стандард – тогаш тој мора да важи и за земјите кандидати“, изјави Зајкова.

Реклама

Таа изрази целосна поддршка на обединетиот европски став дека за иднината, суверенитетот и безбедноста на Гренланд одлучуваат исклучиво граѓаните на Гренланд и Кралството Данска, согласно меѓународното право, додавајќи дека истото правило мора да важи и за Македонија.

„За македонскиот суверенитет, јазик, култура и историски идентитет одлучуваат само македонскиот народ и граѓаните на Македонија“, нагласи таа.

Зајкова посочи дека договореното со ЕУ треба да се спроведе без одлагање, но со јасни и правно обврзувачки заштитни клаузули: преку национални закони, уставен закон, како и со сите исти европски методи.

„Со европски методи, европски мерки и самодоверба, Македонија може да го истрча спринтот кон ЕУ, заклучи Зајкова.