Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Прилози

Второто полугодие почна без одложување, Јаневска задволна што наставата продолжи и покрај грипот

Училиштата ги отворија вратите за учениците. Второто полугосдие стартувасше според планираната програма…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Училиштата ги отворија вратите за учениците. Второто полугосдие стартувасше според планираната програма и термини. Наставата започна во сите основни и средни училишта, без одложување. Состојбарта со грипот според надлежните не е толку драматична за да се одложи стартот на второт полугодие. Ова повеќепати го соопштија здравствените власти, но и министерката за образование Весна Јаневска. Таа повтормно апелираше до родителите да обезбедат редовно присуство на учениците на часовите, освен во случаи кога такво нешто е неопходно поради влошена здравствена состојба:

„Јас сум многу среќна што грипот не достигна такви размери и што учениците може денеска да го почнат второто полугодие од учебната година, изјави министерката за образование и наука“, изјави Весна Јаневска министерка за образование.

Јаневска појасни дека неопходно е да се воведе поголем ред во образованието, особено имајќи предвид дека учениците во земјава и онака имаат помал број наставни часови во споредба со нивните врсници во Европа. Истражувања и во светот и кај нас, покажуваат дека колку повеќе децата се во училишните клупи, толку се подобри нивните резултати, односно се стекнуваат со повеќе знаење, вештини и компетенции.

Реклама

„Нашите ученици до 15 години имаат 900 часа помалку од своите врсници во Европската Унија, чии стандарди ние сакаме да ги достигнеме и во кој клуб сакаме да се приклучиме. Но, ние, повозрасните, и родителите треба да знаат дека е неопходно да се почитува редот во образованието, изјави Весна Јаневска министерка за образование.

Во продолжението на учебната година ќе се интензивира воведувањето на едносменска настава, која досега е имплементирана во околу 200 училишта. Годинава, во јуни, завршните испити за матурантите ќе се спроведуваат по нов модел, кој ќе биде прилагоден според видот на средното образование со цел оценувањето да биде пореално и пофер.