Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Македонија

Втора меѓународна научна конференција за храна, нутриционизам и иновативни технологии во Велес

Технолошко-техничкиот факултет – Велес при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола вчера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Технолошко-техничкиот факултет – Велес при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола вчера и денеска беше домаќин на Втората меѓународна научна конференција „Food Science, Nutrition, Innovative Technologies and Sustainability – FNITS 2026“, која ги обедини науката за храна, нутриционизмот, здравјето, иновативните технологии и одржливоста.

FNITS 2026 опфати 50 научни презентации во четири научни сесии, меѓународен научен одбор составен од 56 научници и универзитетски професори од 11 држави, како и  учество на истражувачи од повеќе домашни и странски универзитети и научни институции. Беа вклучени научници од Македонија, Хрватска, Србија, Косово, Полска, Индија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Турција и Албанија.

Програмата вклучи истражувања за зелени технологии за екстракција и валоризација на нуспроизводи, правните и терминолошките аспекти на производите со јадливи инсекти, функционалните млечни производи, влијанието на пробиотиците, дигиталните системи во млечното производство, cell-based food, одржливите композитни материјали, нутритивните навики, витамините и минералите и нивното влијание врз здравјето.

Реклама

По завршувањето на научните сесии следуваа дискусија, конференциски заклучоци и официјално затворање на FNITS 2026.

Како што потенцира деканката на ТТФ –Велес  проф. д-р Везирка Јанкулоска,  со второто издание на конференцијата, Технолошко-техничкиот факултет – Велес го продолжи континуитетот на научната иницијатива започната со првата меѓународна конференција во 2025 година.