Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Економија

Втора година по ред „Аџибадем Систина“ прогласена за најпосакуван работодавец

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ втора година по ред е прогласена занајпосакуван работодавец…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ втора година по ред е прогласена за
најпосакуван работодавец на манифестацијата „Работодавач на година“ во категоријата
приватни болници.
Пред повеќе од 300 присутни македонски и странски компании им се оддаде признание
на најуспешните работодавци во 2023 година, кои со своите огласи за вработување
предизвикале најголем интерес на овој сајт.
Манифестацијата „Работодавач на годината“ е во организација на првиот сајт за огласи за
работни места во земјава Vrabotuvanje.com.
Во име на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, наградата ја прими Марија
Капетановска – директор за човечки ресурси.
Зад брендот „Аџибадем Систина“ веќе 14 години стојат големи достигнувања и успеси,
пионерски интервенции, успешни стории, врвен медицински тим и најсовремена опрема
во земјава и регионот. Во болницата досега се изведени повеќе од 170 000 хируршки
интервенции, 1 700 000 амбулантски услуги, како и импозантна бројка од над 1 милион
регистрирани пациенти. Благодарение на стручноста на тимот и најсовремените услови за
здравствена грижа, „Аџибадем Систина“ продолжува да биде првиот избор на пациентите
од земјава и регионот. Во болницата работи тим од над 210 врвни специjалисти од сите
области и повеќе од 400 медицински сестри, а нивната експертиза надополнета со
најсовремена медицинска опрема го дава најдобриот третман за секој пациент.